, , ,

AHA, BHA и други киселини во медицинската естетика

AHA- киселина е скратен назив за alpha hidroksi kiselina.

Тоа се природни киселини коишто се наоѓаат во храната, претежно во овошјето а ги има и во млекото и во шеќерната трска.

Alpha hidroksi kiselina се: гликолна киселина, манделична киселина, лактична (млечна киселина), аскорбинска киселина.

AHA киселините се природен експолијант. Тие нежно го отстрануваат надворешниот површински слој на кожата кој содржи мртви клетки кои треба да отпаднат. На тој начин ја ослободуваме кожата, ги чистиме порите и имаме брза регенерација на кожата. Со тоа што ќе отпадне првиот слој на кожата (најчесто невидливо со голо око) отпаѓаат и темните флеки и ожилци од епидермисот, а се промовира раст на нови епителни клетки без овие недостатоци.

Овие киселини се употребуваат во медицинската естетика. Треба да знаеме точно која киселина да ја ставаме, според типот на кожата, во која концентрација и во кое времетраење. Нестручен третман доведува до иритација, црвенило и пецкање па затоа е многу важно третманот да го направите кај стручен естетичар кој ќе ја одбере киселината за вашата кожа.

ГЛИКОЛНА КИСЕЛИНА-alpha hidroksi kiselina присутна во човечкиот организам, во шеќерната трска, во шеќерната репа, во грозјето. Освен што врши ексфолијација таа е силен антиоксидант, има антивоспалително дејство, ги мазни фините брчки. Се употребува и кај акни, флеки и стрии.

Во Dental Esthetic centar Kara гликолната киселина ја употребуваме самостојно во концентрација од 10 %, од 20 %, 40 % и од 70 %.

Кој процент ќе го употребиме зависи дали станува збор за помлада или постара кожа и што сакаме да добиеме од третманот.

Пр. За помлада кожа која нема проблем а сакаме да добиеме сјај и блага ексфолијација ставаме 10 % гликолна киселина во времетраење од 5 мин.

Ако станува збор за лице над 25 год, ставаме 40 % киселина, ако лекуваме акни повторно 40 % киселина, ако лекуваме белези од акни ставаме 70 % киселина. Освен самостојно, гликолната киселина ја комбинираме и со мезотерапија а понекогаш правиме микс од повеќе киселини.

МЕНДЕЛИЧНА КИСЕЛИНА-alpha hidroksi kiselina која се наоѓа и се добива од бадемот. Освен анти ејџ ефект во dental esthetic centar Kara ја користиме за регулација т.е отстранување на пигментации. Во помала концентрација се применува кај осетлива кожа, а во поголема концентрација се употребува кај масна кожа и акнозна кожа. Една од ретките киселини која може да ја ставиме кај розацеата.

ЛАКТОБИОНСКА КИСЕЛИНА –Се добива од природна лактоза. Таа е снажен оксидант но и киселина која хидрира и не дава лупење на кожата. Создава мек и баршунаст изглед на кожата. Се употребува кај сите видови на кожа и секоја возраст. Може самостојно а оди и во комбинација микс со меделичната киселина.

ЛАКТИЧНА-МЛЕЧНА КИСЕЛИНА – Оваа киселина ја зголемува синтезата на колаген и еластичните влакна. Ја имаме во нашиот организам, со распаѓање на гликогенот во мускулите се создава лактична киселина. Во КАРА лактичната киселина ја употребуваме во комбинација со витамин Ц. Овој микс дава голема хидратација на кожата, висок сјај, јадро и светнато лице. Веднаш после лактичната киселина и витамин Ц, ставаме ретиноична киселина. Ова COMBO најчесто го бараат клиентите пред некој важен настан, пред свадба, прослава, затоа што лицето буквално свети од свежина и хидратација, без никакви несакани ефекти ( се разбира ако правилно се измикса и се употреби).

САЛИЦИЛНА КИСЕЛИНА – Салицилна киселина е бета хидрокси киселина. Хемиски е слична на аспиринот па затоа и има адстрингентно својство. Има бактерицидно и кератолитичко дејство. Се користи како предтретман за акни и лузни, и како третман за стеснување на пори на кожата. Во КАРА салицилната киселина ја употребуваме самостојно во различни концентрации.

РЕТИНОИДНА-РЕТИНОИЧНА КИСЕЛИНА има многу намени кои се подетално објаснети во блогот ,,ШТО СЕ ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА РЕТИНОИДИТЕ”

Сите овие киселини освен во медицинската естетика се користат и во кремовите и серумите но во многу мала концентрација.

Кога правиме медицински третман со AHA и BHA киселини активната состојка влегува 100 % во епидермисот или ако сакаме и во дермисот ( средниот слој на кожата).
Кога нанесуваме крем со овошни киселини активната состојка влегува од 7-10%. Но најчесто со овие третмани се препишува и куќна домашна нега со крема со AHA и BHA киселина, од медицинскиот естетичар кој ќе утврди која крема со која киселина да ја употребувате во зависност од резултатот што сакаме да го добиеме.

Др Марија Караниколова

Колку стари електрични уреди имате расфрлано низ домот, подрумот, магацинот, канцеларијата, компанијата?

AHA, BHA и други киселини во медицинската естетика