, ,

Адреналин, светски стандарди и авантури на векот… во Македонија?

Биди тој авантурист, биди авантуристот со најјаката приказна богата радост и адреналин, биди тој без разлика на која возраст си.

Монотон, од 8 до 16 на работа или ноќи пред книга пред колоквиум, жешко лето пред компјутер, излегување на исти места со исти луѓе и преголема заситеност кај сите возрасти од речиси сите секојдневни активности и тука од време на време ќе се појави видео од некој авантурист кој прави несекојдневни чуда кои толку интересно и привлечно изгледаат ама делуваат предалеку од твојот дофат.

Биди тој авантурист, биди авантуристот со најјаката приказна богата радост и адреналин, биди тој без разлика на која возраст си.

Како?

Станува збор за адреналинска патека, од оние кои ги гледаш по реалити шоуа и филмови, за зип лајнинг, искуство преку кое со јаже минеш високо низ шума и многу, многу повеќе!

Хотел Гогов реши да вметне нов дух во Македонија, сите големи авантуристи можат да уживаат во патеките полни предизвици и неочекувани пречки за максимално задоволство и богати спомени. Звучи како младелашка понуда? Но адреналинот кој го добивате за време на искуството не само што го буди телото, активира и зајакнува имунитетот туку и помага во функционирањето на мозокот. Одличен рестарт на телото после долго време монотонија.

Потоа следува одмор, на истото место во одлични услови:

Хотел Гогов e првиот и единствен хотел кој се наоѓа во центарот на градот Пехчево, градот во северо-источниот дел на Малешевската котлина, во близина на границата со Република Бугарија.

Со расположлива површина од 1.000 метри квадратни, Хотел Гогов располага со капацитети за сместување до 50 гости, во различен тип соби и апартмани.

Покрај вообичаените содржини ресторан со бар, летна тераса и опремена конференциска сала погодна за семинарски туризам, Хотел Гогов располага и со дополнителни содржини и активности на услуга на гостите.

Во склоп на самиот хотел се и СПА центарот со насекаде ценета и барана финска сауна, традиционалната турска парна бања, а за што поголемо уживање и препуштање на хедонистичките задоволства релаксацијата може да продолжи во некоја од салите за масажа или џакузи.

Додека пак за оние поенергичните гости и љубители на активниот живот, Хотел Гогов располага и со комплетно опремен фитнес центар.

Хотел Гогов за своите гости обезбедува туристички водичи за рекреативните прошетки низ малешевските шуми, или па за тури до седумте водопади на реката Брегалница, многубројните археолошки локалитети, туристичката населба Равна Река и друг тип факултативни и излетнички активности.

BLACK UP Уживајте под сонцето…

Адреналин, светски стандарди и авантури на векот… во Македонија?