,

АМСМ услуги – состојба на патишта и гранични премини ЧЕТВРТОК, 16 НОЕМВРИ

#spremnizapat #спремнизапат

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2017 година.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

🚗 Најголем избор на опрема за Вашиот автомобил 🏁

ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ:

Од 15.11.2017 година започнаа градежни активности за изградба на клучката Банчо Прќе на Експресен пат А3, делница од Пробиштип до с. Крупиште на регионланиот пат P1205. За таа потреба е воведена времена измена на режим на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на оваа делница.

ДГ Бетон АД Скопје известува дека од 20.10.2017 год. започнаа градежни активности за реконструкција и рехабилитација на државниот пат А2, делница Сарај – Групчин. За таа потреба е воведена времена измена на режимот на сообраќај. Возачите ги предупредуваме да ја почитуваат новопоставената сообраќајна сигнализација на споменатата делница.

Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) на две точки на овој потез, од 2+397км до 3+910км, и од 7+060 км до 11+498 км, од среда 20.09.2017 се воведува времена измена на сообраќај со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.

“Виадукт Tрејд” известува дека од 26.09.2017 ќе се изведуваат градежни активности, поставување на канделабри на клучка Неготино на државен пат А2 Тетово – Гостивар во времетраење од 2 (два) месеци.

На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в. Острово , сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

Вијадукт Трејд – ДООЕЛ, известува дека во Неготино временото решение е изменето и возилата ќе се исклучуваат од магистралниот пат на регионалниот пат (Р – 1102) кај клучката Тремник, каде до Демир Капија ќе се вози по регионалниот пат.

повеќе на АМСМ

Среќен Пат

АМСМ услуги – состојба на патишта и гранични премини СРЕДА, 15 НОЕМВРИ

АМСМ услуги – состојба на патишта и гранични премини ЧЕТВРТОК, 16 НОЕМВРИ