,

Како да ги намалите трошоците кои доаѓаат со новата учебна година?

Применете некои од овие совети и заштедете значителна сума од вашиот семеен буџет

Почетокот на учебната година има големо влијание врз сечиј семеен буџет. Иако најголемите трошоци се на самиот старт, во текот на годината ќе произлезат уште многу други работи кои ќе мора да ги купите. Заштедата на пари во овој период сигурно ви изгледа невозможна, но постојат неколку трикови со кои ќе успеете да го постигнете тоа.

Добро разгледајте што имате дома

Секоја нова учебна година вашето дете доаѓа дома со нова листа на работи кои му се потребни. Многумина мислат дека сè ова треба да се купи, но во суштина голем дел од работите можат да се најдат низ фиоките во вашиот дом, особено ако имате постаро дете за кое минатата година сте купувале училишен прибор. Затоа пред да излезете на шопинг разгледајте убаво што од оваа листа имате дома, односно што нема да треба да купувате.

Купувајте и информирајте се за производите онлајн

На пазарот има многу компании кои имаат голема понуда кога станува збор за училишна опрема. Наместо да шетате од продавница до продавница разгледајте и споредете ја нивната понуда онлајн и со тоа заштедете време и пари. Голем дел од училишните материјали можете да ги купите и од дома. Во овој период многу компании имаат и попусти на своите производи, па искористете ги за да купите нов ранец или друга училишна опрема за вашето дете.

Вон школските активности имаат голем број на предности за вашето дете. Преку нив тоа се развива, учи и се социјализира, но тие претставуваат екстра трошок. Откако вашето дете ќе се одлучи дали сака да усоврши некој странски јазик или можеби да се вклучи во некоја спортска активност не избрзувајте веднаш со уплатата на првата рата. Многу училишта за странски јазици како и училишта за танц нудат купони за попуст со кои можете дополнително да заштедите.


Пазарете сами, без вашето дете

Нормално дека вашето дете ќе сака да учествува при купувањето на некои училишни материјали. Но, пазарење на цела листа материјали заедно со вашите деца може да ви предизвика главоболка и да резултира со купување на многу непотребни работи. Нашиот совет е повеќето од работите да ги купите без вашето дете за да можете да направите избор базиран на пониска сума, а не на пошарено и попривлечно пакување.

 

Како побрзо да научите нов странски јазик?

Како да ги намалите трошоците кои доаѓаат со новата учебна година?