, ,

Зошто топлотните пумпи стануваат се поинтересни на нашиот пазар?

Енергетска  ефикасност на еден објект во последно време стана многу важен услов како за инвеститорите, така и за купувачите на станови.

За да се изгради енергетски ефикасен објектот, колку што е важна топлинската изолација, исто толку важен момент е и вградувањето на енергетски ефикасни системи за греење и ладење. Такви системи се топлотните пумпи, кои за својата работа  користат обновливи извори на енергија (вода, воздух, сонце). Податокот дека само во земјите на Европска Унија за следната година се предвидува да се инсталираат приближно 450.000 топлотни пумпи, кажува самиот за себе за интересот и исплатливоста на овие системи.

– Колку се ефикасни топлотните пумпи, најдобро се гледа преку коефициентот на корисно дејство т.н – СОР.

  • СОР е сооднос помеѓу енергијата која е вложена и  енергијата која ја добиваме  на излезот  за греење или ладење. Колку е овој  коефициент повисок, толку е подобра енергетската ефикасност на системот. Неговата вредност се движи во интервал од 3 до 5. Преведено во кWh енергија, тоа би значело: за потрошена 1kWh електрична енергија, се добиваат 3 до 5 kWh топлинска енргија.

Сето  ова кажано и преведено во пари, кај нас би било 1kWh топлинска енергија,   добиена од топлотна пумпа, би чинело 1,5 денар, додека топлинската енергија добиена од извори на енергија (пелети, нафта за домаќинства, струја, градско греење), би се движела од 3.5 до 7 денари за 1kWh топлинска енергија. Заштедите на енергија со овие системи е евидентна и изнесуваат и до 80%.

  • Ефикасноста на топлотните пумпи, во однос на конвенционалните системи за греење и ладење, дополнително се зголемува и со можноста да произведуваат “бесплатна“ топла санитарна вода.
  • Топлотните пумпи како што е DAIKIN ALTНERMA овозможуваат голем комфор и идеална клима за корисникот во текот на целата година. Тие се тивки во својот работен режим и не бараат секојдневна посветеност како кај котлите на пелети, дрва, нафта и сл.
  • Нивното управување е многу едноставно и софистицирано преку современ кориснички  интерфејс.

Предноста на топлотните пумпи е и таа што покрај греење, обезбедуваат и ладење на предвидениот простор што не е случај со конвенционалните системи (котлите на нафта, гас, дрва). Тоа што овие системи ги прави толку прифатливи за користење е и едноставното прилагодување на постојната грејна инсталација во објектите што се реновираат, искористувајќи ги постојните радијатори.

  • Топлотните пумпи користат обновливи извори на енергија (вода, воздух, сонце)  и  нема ослободување на штетните CO2 гасови   во околината . Заради тоа  од еколошки и енергетски аспект се комплетно прифатливи за таргетите кои ги има поставено Европската унија, но и Македонија  до 2020 година.
    – намалување на штетните гасови за 20%,
    – намалување на потрошувачката на енергија за 20%,
    – користење на обновливата  енергија во вкупниот енергетски биланс на една земја со 20%.                                                                                                                                    

Радува фактот што последните неколку години и комерцијалните банки почнаа да нудат поволни еко – кредитни линии, кои се строго наменети за подобрување на енергетската ефикасност на објектите. Тоа подразбира  и поттикнување на нашите граѓани за купување и инсталирање на енергетски ефикасни системи за греење и ладење.

И оваа година, ИЦС ГРУПкако една од водечките компании за климатизација на Македонскиот пазар и единствен “Home Comfort Expert  Premium” партнер на ДАИКИН за Македонија  на  сите заинтересирани и потенцијални купувачи на овие системи, им овозможува  увид и бесплатно проектно решение од страна на стручниот тим од инжењери. Посетете не во нашиот изложбено – продажен  салон во т.ц.Скопјанка или на нашиот продажен штанд во Сити Мол.”

 

Енергетски штедлива зграда (E-книга)

Зошто топлотните пумпи стануваат се поинтересни на нашиот пазар?