, ,

КАКО ДА ГО ПОДГОТВИТЕ ВАШИОТ DAIKIN КЛИМА УРЕД ЗА ПРОЛЕТ И ЛЕТО?

Деновите почнуваат да стануваат подолги, сонцето почнува повеќе да трае, тоа е знак дека доаѓа пролет

Наскоро ќе треба да го припремате Вашиот систем за климатизација за овој период.

Сигурно не сакате да бидете пригушени во топлина затоа што навреме не сте ја провериле единицата, во никој случај не треба да ја занемарувате Вашата инвестиција. Тоа може да Ве чини многу поскапо, да се соочите со проблеми, сервиси, повисоки сметки за струја, недоволно ладење или може ќе треба да го замените уредот.

Пред да го вклучите Вашиот климатизер, треба да бидете сигурни дека е подготвен за пролет/лето. Редовното одржување резултира со добро функционирање на системот, поздрава средина без алергени, и пониски сметки за струја.

Кога станува збор за одржување-сервис на системот – секогаш треба да имате овластено лице -Daikin специјалист за Вашиот клима уред. Никогаш не обидувајте се да сервисирате-поправате нешто, може да направите повеќе штета од корист. Она што можете самите да го направите е редовно одржување и чистење.

Како да го одржувате и чистите Вашиот клима уред?

Пред да започнете со чистење, исклучете го уредот и напојувањето. Системот обично има прекинувач во близина на надворешната единица. Со сува и чиста крпа избришете ги внатрешната единица, надворешната единица и далечинскиот управувач.

Филтри

 

Со чистењето на филтрите се добива поголем проток на воздух низ самиот климатизер и се зголемува енергетската ефикасност на самиот уред. Отворете го предниот панел, извлечете ги филтрите за воздух. Отстранете го фотокаталитичкиот титаниум апатитски филтер за прочистување на воздух.

Одржување на филтрите за воздух

Измијте ги филтрите за воздух со вода или исчистете ги со правосмукалка. Ако прашината не излегува лесно, измијте ги со неутрален природен детергент разреден со млака вода, а потоа оставете ги да се исушат. Се препорачува чистење на филтрите за воздух на секои две недели.

Фотокаталитичкиот титаниум апатитски филтер за прочистување на воздух потребно е да се измие со вода, еднаш во 6 месеци. Се препорачува замена на секои 3 години.

Проверете ја надворешната единица

Проверете дали базата и другите делови на надворешната единица не се распаднати или кородирани. Проверете дали ништо не ги блокира отворите за воздух, и од места на внатрешната единица и од места на надворешна единица. Проверете дали одводот доаѓа без проблеми надвор од одводното црево и за време на ладење и за време на греење. Ако одводот на вода не се гледа, водата може да тече од внатрешна единица. Исклучете ја единицата и повикајте овластен сервис.

 

Долг период на некористење на клима уредот

При подолг временски период на некористење на Вашиот клима уред, потребно е да ја  вклучите единицата да работи неколку часа во мод на вентилација (fan). Потоа исклучете го клима уредот и прекинувачот. Исчистете ги филтрите и вратете ги назад.

Чувајте го Вашето здравје, штедете на електрична енергија и имајте квалитетно греење и ладење.

Толку брзо. Толку сигурно! – онлајн полиса за автоодговорност

КАКО ДА ГО ПОДГОТВИТЕ ВАШИОТ DAIKIN КЛИМА УРЕД ЗА ПРОЛЕТ И ЛЕТО?