, ,

Дали знаете на каков душек спиете?

Една третина од животот го поминуваме во спиење. Па да видиме како поквалитетно да ја поминеме таа третина. Главно душеците се прават од жичани јадра, разни видови пени или комбинација од двете.

Жичаните јадра можат да бидат врзани или бонел јадро и независни или џепно јадро. Кај бонел јадрото сите жичани цилиндри се врзани еден со друг и притисокот на едно место прави движење на целиот душек и не овозможува правилна распределба на телената тежина со што спиењето е доста неудобно и секое движење на едниот партнер за време на спиењето предизвикува движење и кај другиот. Кај џепното јадро жичаните цилиндри се независни еден од друг со што се овозможува правилна распределба на телесната тежина и држење на телото во природна сосотојба и движењето на едниот партнер за време на спиењето не предизвикува движење и кај другиот.

Кај душеците направени од пени најзастапени се оние со мемориска пена. А што е мемориска или мемори пена? Прв пат е дизајнирана во НАСА користејќи ја супстанцата вискоеластик која е многу мека и многу абсорбира енергија. Таа се оформува спрема телото како одговор на притисокот од телесната тежина и примањето на топлината од човечкото тело. Со тоа овозможува рамномерна дистрибуција на телесната тежина и дава чувство на удобност, бидејќи е многу мека.

Кај душеците со мемори пена како подлога за мемориската пена најчесто се користат разни видови на флекси пени, но подлогата може да биде и џепно јадро што е најдобра комбинација.

При избор на душек многу битно е висината и густината на мемори слојот. Најдобри се оние со висина 5-8 цм и густина 55-65 кг/м³. Мемори пената има и негативности, пред се е вештачка супстанца направена од хемикалии и кај осетливи лица може да ја иритира кожата или да предивика солзење. Поради оваа лицата кои преферираат природни добра би требало да побараат душек со латекс кој е 100 % природна материја со својства слични на мемори пената, но со послаб перформанс во споредба со неа.

Па мудро изберете и добро распрашајте се.

КАКО ДА ГО ПОДГОТВИТЕ ВАШИОТ DAIKIN КЛИМА УРЕД ЗА ПРОЛЕТ И ЛЕТО?

Дали знаете на каков душек спиете?