, ,

10 работи кои секоја современа жена НЕ треба да ги има во својот дом

Дизајнерите тврдат дека домот може да открие се за вас. Ви ги пренесуваме советите на најдобрите дизајнери според изборот на списанието „ Elle Decor“ за тоа што една дама со вкус не би смеела да им во својот дом.

Премногу женствени детали: Карнери, реси, розови украси! Никако не претерувајте со женствените детали кои можат да бидат убави се додека се детали. „Цел стан во розова боја? Никако!“, вели дизајнерката Никол Фулер.

Аранжмани од вештачко цвеќе: „Ако здогледам во вашиот дом аранжмани од свилено цвеќе, тоа за мене значи само една порака – се откажав од се и за мене веќе нема надеж“, тврди Сузан Ферије.

Плишени играчки (особено на кревет): „Во домот на една жена мора јасно да дише љубовта. Меѓутоа, тоа не ги вклучува спомените од детството. Ако сте возрасна жена, подарете ги своите играчки на они кои се уште не се пораснати“, вели дизајнерот Џон Кол.

Пораки во рамка, особено со инспиративен карактер: „Уште и ако се изработени како гоблен, пораките во стилот – животот ти припаѓа само тебе – порачуваат дека на личноста постојано и е потребна помош и поддршка“, порачува Ферије.

Козметички производи насекаде: Ако ги има во купатилото, дневната соба, покрај огледалото во претсобјето, тоа е веќе дизајнерски проблем. „Навистина не е неопходно секој што ќе ви влезе во домот да стекне полна слика колку козметика и шминка употребувате“, вели дизајнерот Рајан Вајт.

Колекција на кукли: Збирките играчки, генерално, а особено кукли, покажуваат дека засекогаш сте останале заробени во детството, мисли М. А. Ален. „Чувството е ужасно, а особено ги одбива мажите“, тврди оваа млада дизајнерка.

Семејни фотографии покрај креветот: Дизајнерите го порачуваат само ова: Ниту малку секси!

Премногу фотографии со домашни миленици: „Колку и да се слатки, ако го исполните ѕидот со нивни фотографии, тоа никогаш не изгледа добро“, вели Фулер.

Спомени од средно училиште: Дизајнерите и овде се немилосрдни: Тие денови се поминати!

Многу нескладни делови на мебел: Домот во кој има премногу нескладни парчиња делува конфузно. Еден до два стила се сосема прифатливи и прават ентериерот да изгледа подинамичен.

Зошто топлотните пумпи стануваат се поинтересни на нашиот пазар?

10 работи кои секоја современа жена НЕ треба да ги има во својот дом