, , ,

Топ 5 холивудски трикови за шминкање

Совети за совршена матурска шминка

шминка

Доколку се подготвувате за некој свечен настан или сакате да научите како да ги истакнете најубавите црти на вашето лице, прочитајте кои трикови ги користат шминкерите на познатите за тие да изгледаат совршено.

1. Истакнете ги веѓите

веѓи

Дефинирањето и нагласувањето на веѓите е првиот чекор за освежување на вашиот изглед. Веѓите можете да ги дефинирате со моливче, сенка или гел за веѓи, а потоа да ги нагласите со бело или моливче неколку нијанси посветло од вашата кожа.

2. Сокријте ги темните кругови околу очите

коректор

Освен ако не сакате да изгледате како панда, коректорот е ваш најдобар пријател за да изгледате будно и свежо. Само внимавајте при изборот на тонот и да не нанесете преголема количина. Тука секогаш важи правилото што помалку, тоа подобро.

3. Истакнете ги јаболчиците со илуминатор

илуминатор

Третиот чекор за освежување на вашиот изглед е истакнување на цртите со илуминатор. Купете некој со седефаст финиш, без светки, кој ќе можете да го употребувате и преку ден. Некои од клучните позиции каде се нанесува луминаторот се јаболчиците, по должината на носот, и на средината на горната усна.

4. Трик за пополни усни

полни усни

Овој трик за создавање на илузија на полни усни го користел и шминкерот на Мерлин Монро, која е позната по перфектниот изглед. Иако можете да го искористите со различни темни видови на кармин, најубав ефект се постигнува на црвен кармин. Се што ви е потребно е златеста сенка која ќе ја нанесете на средината на горната и долната усна, откако ќе го нанесете карминот.

5. Мала количина на светки нанесени на вистинското место

светки

Иако за многу луѓе светките се асоцијација за кич, нанесување на истите во минимална количина и на право место може да го освежи вашиот поглед инстантно. Едно од најдобрите места за нанесување на светки е под долните трепки.

Тесла Моторс и Илон Маск ќе ги градат првите суперполначи во Македонија

шминка

Топ 5 холивудски трикови за шминкање