,

Ве покануваме на најголемиот инвестиционен форум на Балканот

Запознајте ги инвеститорите и успешните стартапи во Белград, 26-28 Ноември

Во Белград од 26 до 28 Ноември во хотел Метропол ќе биде организиран седмиот по ред Belgrade Venture Forum (BGVF) – најголем инвестиционен форум во регионот.

BGVF е замислен како место каде може да се сретнат претприемачи на кој им е потребно финансирање, успешни стартапи, претставници на инвестициони фондови и  индивидуални инвеститори, кои се заинтересирани да вложуваат во проекти од регионот.

На форумот се очекува присуство на 550 поканети учесници од преку 20 земји. Меѓу нив преку 60 учесници ќе бидат претставници на инвестициони фондови и индивидуални инвеститори, кои се спремни да инвестираат од 25000 до неколку милиони евра во технолошки и иновативни проекти.

За сите клиенти на Златна Книга обезбеден е дополнителен попуст од 10% (потребно е само за време на пријавувањето да го впишете кодот ” gdeinvestirati ” )

Листата на најистакнати инвеститори како и деталната програма на конференцијата можете да ја погледнете ОВДЕ.

Програмата Belgrade Venture Forum се состои од конференциски дел и дел во кој одбрани фирми директно ќе се претстават пред инвестиционите жирија.

Конференцискиот дел од Форумот ќе биде на тема финансирање на фирмите и воспоставување инвестициони фондови во Србија, иновации и нови технологии, прашања за развојот на работењето, развојот на производите, заштита на интелектуалната сопственост, структурирање на инвестиционото работење и слично.

Голем број на познати меѓународни говорници ќе одржат предавање и презентации на најактуелните теми во областа на инвестирањето, претприемништвото и технологијата за кои може да се слушне само  на престижни меѓународни конференции.

Како и секогаш, клучниот момент на форумите е поврзувањето, така што учесниците ќе имаат прилика да се дружат и да се запознаат со инвеститори, говорници и експерти од целиот свет, како и со неколку стотини претприемачи од целиот регион.

 

Кои се главните виновници за дебелина и прекумерна телесна тежинa?

Ве покануваме на најголемиот инвестиционен форум на Балканот