,

EOS Matrix Macedonia ве поканува на првиот Finance Talks

EOS Matrix Macedonia (ЕОС Матрикс) го претставува првиот „Finance Talks“ настан отворен за јавноста, којшто ќе се одржи на 13 декември 2022 година на темата: „Европски навики за плаќање: Презентациjа на истражувањето и дискусиjа за состоjбата на локалниот пазар.“

На овоj „Finance Talks“ настан EOS Matrix ќе ги претстави и објасни наодите од истржаувањето „Европски навики за плаќање“, а вториот сегмент на настанот ќе понуди увид во состоjбата на домашните комапнии, предизвиците со кои тие се соочуваат по повод навиките за плаќање на локалниот пазар и механизмите за справување со овие предизвици.

Сите заинтересирани професионалци и поединци кои би сакале да присуствуваат на настанот можат да се пријават за претстојниот „Finance Talks“ настан преку пополнување на овој регистрациски формулар. Местата се ограничени и капацитетот на гости ќе биде пополнет согласно редоследот на пристигнати регистрации.

Извештајот „Европски платежно навики е изработен во партнерство со независниот Институт за истражување „Кантар“. Истражувањето „Европски платежни навики 2022“ се спроведува од 2007 година и го оценува расположението на меѓународната економија Во периодот од 4 март до 19 април 2022 година EОС спроведе телефонски интервјуа со 3 200 компании во 16 европски земји за да ги идентификува главните навики за плаќање.

Во пролетта 2022 година, 200 компании во Белгија, Бугарија, Чешка, Хрватска, Данска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Швајцарија и Обединетото Кралство одговараа на прашања во врска со своите искуства со плаќањата, како и на тековни прашања поврзани со управувањето со ризикот и побарувањата.

Повеќе информации се достапни на официјалната веб страница на EOS Macedonia: https://mk.eos-solutions.com/press/Finance-Talks

_______________________________________________________________________________

За ЕОЅ

EOS Matrix, дел од Групацијата EOS, е водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања.

„Finance Talks by EOS Matrix“ ги приближува европските трендови и практики поблиску до финансискиот сектор во регионот. Предводен од технологиjата и иновациите преку оваа платформа EOS цели да jа инспирира размената на идеи и експертиза со единствена цел: Changing finances for the better.

 

Алкалоид и Црвен Крст – Заедно можеме повеќе

EOS Matrix Macedonia ве поканува на првиот Finance Talks