,

АМСМ услуги – состојба на патишта и гранични премини четврток, 9 Ноември 2017

#spremnizapat #спремнизапат

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

НАЈАВА: Поради штрајк на грчките цариници на 09.11.2017, г.п. Дојрани ќе биде затворен за патнички и товарни возила во период од 05:00 до 23:00 часот. На граничните премини Ники и Евзони, штрајкот започна од 05:00 часот на 09.11.2017 и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден на 10.11.2017 година.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

повеќе на АМСМ

Среќен Пат

Гаранција за безгрижни зимски патувања

Светско а наше – зграпчи го мигот во Coffee Corner – Стара чаршија