АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Сообраќајот на граничните премини Дојрани и Евзони, кој беше во прекин поради штрајк на грчките цариници, е нормализиран. На граничниот премин Ники штрајкот е се уште во тек и ќе трае до 05:00 часот утринава (10.11.2017). Се пропуштаат само пешаци, додека сообраќајот за сите моторни возила е во прекин.
ИЗВЕСТУВАЊЕ: „Виадукт Трејд“ известува дека ќе се изведуваат градежни активности на ДЕЛНИЦА ОД АВТОПАТОТ А1, КАТЛАНОВО – СКОПЈЕ, во времетраење од 30 дена почнувајќи од Понеделник, 13.11.2017.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Среќен Пат