Facebook е најпопуларна социјална мрежа во светот со приближно 2.85 милијарди месечни активни корисници. Поради ова, Facebook претставува значителен потенцијал кој треба се искористи за вашите маркетинг цели. Но не е доволно само да привлечете следбеници на Facebook – треба да ги донесете на вашата веб-страница каде е многу полесно да ги претворите во ваши клиенти. Во продолжение ќе ви претставиме 5 начини како да ја промовирате вашата веб-страница преку Facebook.
- Направете си страница на Facebook за вашиот бизнис
Страницата е вашиот „излог“ на Facebook. Важно е да ја направите колку што e можно подетална, со слики со добар квалитет и информации за вашиот бизнис: адреса, телефонски број, веб-страница, работно време и производи на вашиот бизнис профил. Видеата се исто така привлечен медиум што Facebook го промовира. Ако можете да креирате неколку нискобуџетни видеа, тие би можеле да бидат одличен додаток на вашиот бизнис профил.
Откако ќе си направите страница на Facebook треба да ја користите за да комуницирате со вашите потенцијални клиенти и да ги насочите да ја посетат вашата веб-страница. Ова е нашиот следен совет:
- Креирајте одлична содржина
Можеби е клише, но навистина содржината е најважна. Најдобриот начин да им го привлечете вниманието на вашите Facebook следбеници и да ги донесете на вашата веб-страница е да создадете интересна и “вредна” содржина што тие би сакале да ја консумираат.
Тоа може да бидат слики или видеа, но и пишана содржина, како што се стручни совети, вести или хумористична содржина поврзана со вашата индустрија.
Можете да ги промовирате и блоговите на вашиот профил на Facebook, со цел да ги привлечете заинтересираните читатели на вашата веб-страница.
Со додавање на информативни и релевантни блог текстови на вашата веб-страница, фирмите ќе почнат да ве гледаат како авторитет во дејноста во која работите.
- Земете активно учество во групите на Facebook или формирајте ваша група
Во последниве години, Facebook сериозно ги промовира своите “заедници’’, познати како Facebook групи. Содржините од групите обично видно се истакнуваат на почетните страници на членовите на групата, а исто така е веројатно дека членовите ќе добиваат известувања за нови објави во групите на кои им се придружиле. Ова им дава голема видливост на групите и нивната содржина, што ги прави ефективен маркетинг канал.
Најдобар начин на дејствување е да се придружите на групи кои веќе постојат и да станете активен учесник. Ќе може да споделувате совети или да одговарате на прашања кои се во ваш домен на работа. Ако луѓето сметаат дека вашиот совет е корисен, тие ќе отидат на вашата Facebook страница и оттаму на вашата веб-страница од каде што можеби ќе ве ангажираат за одредена работа.
Друг начин е да формирате сопствена група. Кога луѓето ќе се придружат на вашата група на Facebook, поголема е веројатноста и да ја посетат вашата веб-страница и да ве ангажираат.
- Промовирани објави и специјални понуди
Ова е надалеку позната и потврдена стара мудрост: попустите и промоциите привлекуваат нова продажба. Докажано е дека објавите со специјален код за попуст само за Facebook корисници се одличен начин да ја промовирате вашата веб-страница и да зголемите продажба.
Важно е да промоциите бидат ексклузивно само за вашите fb следбеници. Ова поттикнува чувство на уникатност и итност што би можело да биде ефективно во придвижувањето на клиентите до вашата веб-страница за да можат да ги искористат нивните кодови за попуст и да купат од вас.
- Дозволете им на клиентите да пишуваат мислења/критики
Критиките се вредна алатка за привлекување на нови клиенти, а Facebook е само место за капитализирање од оваа алатка. Позитивните критики го зголемуваат кредибилитетот на вашиот бизнис и активно ќе охрабрувате новите клиенти да одат на вашата веб-страница и да купуваат од вас.
Целосно преземено од inone.mk