,

Колективното осигурување од незгода

Колективното осигурување од незгода е наменето за осигурување на работниците во компании, како и членови на одредена група или друштво.

Со овој вид осигурување компаниите можат да ги осигурат своитe клучни кадри, од кои зависат најважните процеси во компанијата.

Може да се избере еден од двата вида гаранција:

  • Неограничена гаранција: кога осигуреникот е континуирано осигурен, при извршување на редовната работа, како и во своето слободно време.
  • Ограничена гаранција: осигуреникот е осигурен во случај на незгода што може да настане во текот на редовното работно време, незгода по пат од дома до работното место, при извршување на работните должности, како што е учество на состаноци, службени патувања (по налог на лицето кое го склучува осигурувањето).

Осигурувањето ги покрива следните ризици:

  • губење живот поради незгода;
  • губење живот поради болест;
  • инвалидитет како последица од незгода;
  • привремено онеспособување за извршување редовна работа поради незгода (дневен надоместок);
  • сместување во болница поради незгода (надомест за болнички ден);
  • трошоци за закрепување и оздравување.

Во случај на незгода, осигуреното лице има право на исплата најмногу до договорената осигурена сума во полисата, поточно, во случај на:

  • смрт на осигуреникот поради незгода: осигурителната компанија му ја исплаќа на корисникот договорената осигурена сума во случај на смрт од незгода;
  • инвалидитет како последица од незгода: дел од осигурената сума се исплаќа согласно утврдениот инвалидитет, според табелата за инвалидитет која е составен дел од општите услови; при тотален инвалидитет се исплаќа сета осигурена сума;
  • дневен надомест: дневниот надомест се исплаќа во периодот кога осигуреното лице не е способно за извршување на својата редовна работа, но најмногу во времетраење од 200 дена;
  • надомест за болнички ден: надоместот за болнички ден се исплаќа за секое преноќување на осигуреникот во болница, заради лекување на последици од незгода, но најмногу до 365 дена во период од две години од денот на незгодата;
  • трошоци за лекување: осигурителната компанија врши поврат на средства за лекување, коишто осигуреникот ги имал како резултат на незгода и за коишто ќе докаже дека морал да ги плати лично (партиципација, трошок за ортопедски помагала, трошоци за оперативни зафати и друго) и тоа до износ договорен при склучување на осигурувањето;
  • смрт на осигуреникот поради болест: осигурителната компанија му ја исплаќа осигураната премија на корисникот на полисата во случај на смрт на осигуреникот поради болест. Вработените можат да се осигурат од оваа опасност под услов да не се постари од 75 години, а членовите на нивните семејства 65 години.

Полисата за колективно осигурување од незгода на Триглав обезбедува целосно покритие во случај на смрт од Ковид-19.

Повеќе детали за ограничувањата можете да најдете во Условите за осигурување од незгода.

Висината на осигурителната премија зависи од:

  • бројот на осигурени лица;
  • од изборот на опасности од кои ќе бидат осигурени тие лица;
  • од висината на осигурителната сума за поедини осигурени опасности;
  • од времетраењето на осигурувањето;
  • од работата што ја извршува осигуреникот, како и дејноста на осигурувачот каде осигуреникот е вработен;
  • од останатите фактори коишто влијаат на висината на осигурителна премија (на пример, ограничена или неограничена гаранција).

Времетраење на осигурување

Осигурувањето може да се склучи за времетраење од една година.

КОЈ МОЖЕ ДА СКЛУЧИ ВАКОВ ВИД ОСИГУРУВАЊЕ?

Осигурувањето може да го склучи правно или физичко лице, кое го склучува колективното осигурување. Може да се осигурат и членовите на семејството на вработените (родители, браќа, сестри, деца, сопружник, незаконски партнер), со возраст од 14 до 75 години.

ЗА ОВА ОСИГУРУВАЊЕ ВАЖАТ:

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Град Скопје наскоро ќе објави повик за субвенции за инвертер клима уреди

Колективното осигурување од незгода