, , , ,

NEUROMEDICA, 25 години Партнер на Вашето здравје!

Комплетно е завршена изградбата на новата болница Неуромедика во центарот на Скопје.

Комплетно е завршена изградбата на новата болница Неуромедика во центарот на Скопје. Завршени се сите фази на изградба и поставени се сите техничко-механички системи.

Официјалното започнување на примање на пациенти во новата Неуромедика Болница е од 27.06.2017. Од тој датум може да не најдете на ул. „ Јордан Мијалков“ бр.62, Општина Центар, Скопје.

Новата Неуромедика болница од градежен и техничко-механички аспект е најсовремен медицински објект во државава и пошироко. Во објектот се инсталирани најсовремени системи централизирани со BMS – систем кој овозможува еколошки и општествено одговорно менаџирање на целосната енергија на зградата.

Почнувајќи од карабинскиот, фасадниот и преградниот дел во кои се користени енергетски ефикасни материјали до користење на подземни термални води за греење и ладење на целиот објект, па до поставување на хепа филтри за целосна вентилација и циркулација за сосема чист воздух во внатрешниот простор во кој пациентите и вработните ќе дишат чист кислород.


Покрај тоа, поставени се системи за брз вакум трансфер по спратови и оддели на медицински материјали, инструменти, лаборатории итн. со што значително се забрзува времето на завршување на сите потребни медицински испитувања. Огромен плус е просторот за подземен паркинг и отворен паркинг на приземје со што болницата ќе биде подостапна за пациентите.

Инвестицијата на ПЗУ Неуромедика и сопственикот Д-р Емил Угриновски во новата болница е целосно македонска што е редок случај во нашата држава каде воглавно странски корпорации инвестираат и градат капитални објекти и формираат компании.

Новата Неуромедика Болница е на 8 нивоа на вкупно 3.500m² со:
  • 23 специјалистички ординации
  • најсовремено опремени болнички апартмани
  • 2 најсовремени хируршки сали
  • ургентен центар
  • дијагностички центар со најсовремена медицинска апаратура од брендот Siemens: магнетна резонанца 1.5 Tesla и компјутерска томографија 64 slice, DXA скен, РТГ, ЕМГ, мамограф, ЕЕГ, ЕХО дијагностика
  • специјализиран центар за трудова медицина каде се изработуваат сите видови на лекарски уверенија
  • специјализиран центар за ортопедија и трауматологија
  • специјализиран центар за неврологија со најсовремена дијагностика
  • специјализиран центар за пластична хирургија и општа хирургија
  • специјализиран центар за орална хирургија
  • специјализиран центар за нехируршка естетска медицина на лице
  • стоматолошки центар
  • најсовремена биохемиска лабораторија
Со почит,
Неуромедика , 25 години Партнер на Вашето здравје!

Адреналин, светски стандарди и авантури на векот… во Македонија?

NEUROMEDICA, 25 години Партнер на Вашето здравје!