, , , ,

Општи информации за кожата на новороденчињата

  • Кожата кај новороденчињата е потенка.
  • Полесно прима и оддава вода.
  • Попенетрантна е.
  • Почувствителна е на надворешните фактори.

Иако структурата на кожата кај бебињата е идентична со кожата на возрасните, функционално е незрела и ги прави бебињата особено чувствителни на влијанијата на околината. Епидермисот е потенок, што резултира со зголемено трансепидермално губење на водата, со што се олеснува и пенетрацијата на разни штетни материи. Жлездите кај новороденчињата не достигнале целосна активност, па одбранбениот хидролипиден слој што ја покрива кожата (составен од вода, пот, маснотии и од кератиноцити) не е целосно развиен. Врските меѓу епидермисот и дермисот се слаби и поретки, што ја прави кожата на бебето особено чувствителна на негативните влијанија од околината и ја зголемува можноста за нејзино оштетување.

Сетилото за допир е особено развиено кај бебињата бидејќи преку кожата тоа ја открива и ја запознава средината. Уште од првиот ден контактот со кожата му дава силни емоции и сензации на задоволство. Сетилната стимулација му овозможува емоционална врска и нормален развој на детето.

Кожата е комплексен, активен орган и доколку се наруши некоја нејзина функција, може да има сериозни последици врз здравјето на организмот. Бариерната функција на кожата е предуслов за здрав организам.

 

Нега на кожата

Правилната хигиена на кожата е многу важна поради неколку аспекти. Од една страна, нечистата кожа може да поттикне развој на патогени бактерии, но, од друга страна, прекумерното миење и отстранување на заштитниот природен слој и на нормалните бактерии може да го олеснат населувањето на патогените бактерии, кои можат да ја оштетат кожата.

Подготовките за нега на бебешката кожа треба да обезбедат кожата природно да ја извршува својата заштитна функција, за да ја заштити од надворешните влијанија, за да ја одржува влажноста и за да го спречи ширењето на патогените микроорганизми.

Важно е да се знае:

  • кожата на бебињата произведува помалку себум и пот и не бара толку често миење како онаа на возрасните;
  • производите за нега на бебешката кожа не треба да содржат надразнувачи или можни алергени;
  • кожата во пределот на пелената и во деловите каде што се формираат набори е особено чувствителна на оштетување на површинскиот слој;
  • чувствителната кожа е склона кон иритација, чешање и кон црвенило, па затоа се препорачуваат емолиенти кои не содржат можни алергени.

Грижата за нормална бебешка кожа започнува од првиот ден по раѓањето. Единственото сетило кое е целосно развиено од првиот ден е сетилото за допир, па затоа физичкиот контакт со бебето е исклучително важен.

Becutan Sensitive

Becutan Sensitive е линија на производи која е создадена како одговор на зголемениот број новороденчиња, бебиња и деца со посебна чувствителност на кожата (кожата е повеќе склона кон иритација и кон суви делови), а причина за тоа може да биде комбинацијата на одредени внатрешни и/или надворешни фактори.

  • Развиена во соработка со педијатри и со неонатолози.
  • Специјално одбрана комбинација на состојки приспособени на најчувствителната детска кожа.
  • Мирисна композиција која не содржи алергени.

Becutan Sensitive – Mild baby shampoo

Шампонот Becutan Sensitive има исклучително благо дејство врз очињата, не предизвикува иритација и солзење и е наменет за бебиња и за деца со особено чувствителна кожа. Содржи екстракти од маслиново масло, единствена комбинација на активни состојки, кои придонесуваат за длабока хидратација, истовремено формирајќи филм кој интензивно ја потхранува кожата на главчето и кој го регулира себумот.

Производот има сертифицирана no tears формула, докажана преку клиничка студија за офталмолошка подносливост спроведена во Италија (EU) под надзор на тим од дерматолози и од офталмолози.

Becutan Sensitive – Head to toe cleansing oil

Маслена купка за особено чувствителна кожа, со единствен состав, која се базира на внимателно избрана комбинација од природни растителни масла: масло од соја, сончогледово масло, масло од семки од грозје и маслиново масло. Екстрактите од овие масла се богати со масни киселини омега 3 и омега 6, кои ѝ припаѓаат на групата мембраноформирачки фосфолипиди, што подразбира дека помагаат во одржувањето на природната липидна рамнотежа на кожата и дека придонесуваат за јакнење на нејзината заштитна функција.

Растителните масла бргу се апсорбираат во кожата и придонесуваат таа да остане нежна, мека и еластична, без знаци на сувост. Природните растителни масла лесно се апсорбираат во кожата, влијаат врз подобрувањето на нејзината еластичност и ја омекнуваат. Покрај масните киселини, содржи и витамин Е, кој дејствува антиоксидативно и антиинфламаторно; витамин А, кој ја одржува природната влажност на кожата, и витамин Ц, кој ја подобрува микроциркулацијата, а со тоа и размената на хранливите материи во кожата.

Becutan Sensitive – Nourishing baby milk

Формулацијата на млекото Becutan Sensitive интензивно ја негува и ја хидратизира особено чувствителната бебешка кожа и придонесува за брзо обновување и за одржување на бариерната функција на кожата.

Изборот на состојки какви што се шеа-путерот, бадемовото масло, кокосовото масло и глицеринот, кои лесно навлегуваат во површинските слоеви и кои овозможуваат длабока хидратација на особено чувствителната кожа, чија склоност кон појава на знаци кои ја карактеризираат како сува е значително поизразена во споредба со нормалната кожа, е од природно потекло и претставува комбинација со моќно потхранувачко дејство.

Во комбинација со емолиентите учествуваат во одржувањето и во заштитата на површинскиот слој на кожата и придонесуваат за исклучителна нега на целото тело.

Becutan Sensitive – SOS baby cream

Кремот Becutan Sensitive SOS е идеален за нега и за заштита на најчувствителната детска кожа која се соочува со состојби кои бараат интензивна нега и брзи резултати на подобрување. Формулацијата претставува уникатна комбинација од внимателно избрани, природни состојки како што се ланолинот, пчелиниот восок, глицеринот, пантенолот и цинк оксидот, кои дејствуваат синергетски и кои обезбедуваат длабока нега и хидратација на кожата, а воедно ја заштитуваат од агресивни надворешни услови какви што може да бидат ветерот и студот.

Кремот Becutan Sensitive SOS е погоден за интензивна нега на кожата, особено во зимскиот период. Збогатен е со масни состојки од природно потекло, кои прават филм на кожата при нанесувањето и на тој начин спречуваат губење на водата од површината на кожата.
Производот е наменет за одржување здрав изглед и за нега на исклучително сува и чувствителна кожа која е склона кон сушење и кон пукање (лице, тело, рачиња и пеленска регија).

 

Becutan Sensitive – Ointment with fish oil

Маста Becutan со рибино масло содржи висок процент на рибино масло богато со витамин А, неопходен за правилно формирање на епидермисот и за одржување на неговата природна заштитна функција, на што особено треба да се внимава при нега на кожата кај новороденчињата. Воедно ја помага и ја забрзува регенерацијата на иритираната кожа. Хипоалергената формулација штити од појава на сува, црвена и на надразнета кожа.

Ја храни сувата кожа правејќи ја мазна и еластична. Се нанесува на чиста и сува кожа, во тенок слој, со благо триење два- до четирипати на ден.

Се препорачува за:

  • нега и заштита на бебешката кожа;
  • заштита на кожата од поjава на осип и на иритациjа во пределот на пеленската региjа;
  • нега на кожа склона кон сушење, пукање и кон лупење;
  • превенциjа од поjава на црвенило по кожата предизвикано од триење и од потење;
  • нега на кожата по сончање.

Becutan Sensitive пудра со скроб

Пудрата Becutan Sensitive со скроб е наменета за заштита на чувствителната бебешка кожа. Во својот состав содржи природен скроб од ориз, кој го апсорбира вишокот влага и нечистотија од бебешката кожа. Скробот од ориз помага за продолжување на времетраењето на задржување на влажноста на кожата, правејќи ја мека и хидрирана. Формулацијата е збогатена и со природен каолин, кој обезбедува ефикасна апсорпција на себум и на нечистотии за детокс-ефект и помага во намалувањето на иритацијата и на црвенилото.

Оризовиот скроб и каолинот со екосертификат се исклучително нежни и безбедни за употреба кај чувствителната бебешка кожа.

Сите производи од колекцијата Becutan Sensitive се клинички и дерматолошки докажани во EU-лабораторија, во Италија, тестирани под надзор на дерматолози, следејќи ги принципите за добра клиничка пракса.

Неколку совети кога кабината ќе зоврие на +70 C

Општи информации за кожата на новороденчињата