Софтверски продукт развиен од FoxIT од 1998 година кој постојано се надградува, наменет за транспортни компании за административно управување со возилата и останатите ресурси при извршувањето на транспортните услуги. Досега е имплементиран во повеќе домашни и странски компании кои ефикасно ги извршуваат секојдневните обврски окулу раководењето и организацијата, а повеќекратно ја поедноставува нивната работа.
ЕВИДЕНЦИЈА
-За секое возило,возач, приколка, имајте преглед за сите трошоци кои се направени за одржување, регистрација, документи и нивни рокови.
-За сите коминтенти регистар со сите потребни податоци од нив, организирани транспорти и профити.
ПОТСЕТНИЦИ
-За сите обврски кои произлегуваат од одржување на возилата и рокови на документи имајте потсетник кој ќе се грижи за навремено известување
ТРАНСПОРТИ
Евиденција и организација на сите видови на транспорти , автоматизирање на секојдневните процеси при креирање на барање за транспорт и следење на негова реализација
Овозможување лесно евидентирање на повеќе истовремени товари со еден камион и автоматско генерирање одделни фактури за секој клиент
ПАТЕН НАЛОГ
Регистар на сите трошоци од реализиран налог, автоматска пресметка на дневници, гориво , патарина, раздолжување и останати трошоци
Автоматско вчитување на трошоци од картички за гориво и патарина
ФАКТУРИРАЊЕ
Едноставно креирање на фактура за коминтет од еден или повеќе транспорти, следење на доспевање на истите, уплати/исплати од/до коминтенти и преглед на состојба, и можност за поврзување со постоечки системи за сметководство. Истовремено можете да ги евидентирате Вашите влезни/ излезни фактури од останати трошоци кои не се од транспорт (струја, вода, резервни делови, гориво,….)
ИЗВЕШТАИ
Имајте во секој момент преглед на профитот при секој транспорт, трошоците направени за секој налог и профит од возило,транспорт и коминтент.
РЕСУРСИ
Постојан увид на сите расположливи ресурси, како возилата, вработените, опремата и нивната состојба,сервис,гуми,регистрација….
•ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ И ПРОДУКТИВНОСТ
Без ефикасен софтвер за управување со Вашиот транспорт, на вработениот му требаат во просек 18 минути за да најде некој документ или да дојде до информации за одредена тура.
•БЕЗ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ ЗА ИТ
Користејќи го нашиот софтвер за управување со вашиот транспорт, нема да имате никаков дополнителен трошок за Информатичка Технологија во вашата компанија. За само мал месечен надоместок како што е сметката за вода, струја, телефон… ги имате сите информации за вашиот бизнис брзо и веднаш.
•БЕЗБЕДНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ И АВТОМАТИЗИРАН БЕКАП
Најмалку 5% од податоците на една компанија се губат поради необезбеден пристап или непостоечка резервна копија на податоците! Со SWIFT Вашите податоци се секогаш сигурни и редовно зачувувани
•ДОВЕРЛИВ ПАРТНЕР
Во своето 20-годишно постоење, SWIFT помина низ многу циклуси на развој. Тоа ни овозможи да се стекнеме со искуство преку кое ги отстранивме сите слабости и ранливости и да направиме најдобро решение за вашиот транспорт.