, ,

Вања Јосифовски, нов технички директор на Pinterest

Вања Јосифовски е новиот технички директор на друштвената мрежа, каде што работи од 2015 година.

ТОП вест неделава – Вања Јосифовски е на висока позиција во Pinterest една од најголемите и најраспространети друштвени мрежи на денешницата. Имено Вања Јосифовски е именуван за нов технички директор на оваа друштвена мрежа, каде што работи од 2015 година.

Под раководство на Вања Јосифовски се изработени Lens, Search и Related Pins, а неговата работна позиција е прва од ваков тип во големата компанија. Тој е првиот технички директор на Pinterest. Тој ќе биде задолжен за раководење со техничките иницијативи за машинско учење, пребарување и инфраструктура.

Пред да работи за Pinterest, работел и во Јаху, Гугл и ИБМ, како и повеќе светски познати универзитети. Вања е роден во Скопје, средното училиште го “искомбинирал” во Скопје (Корчагин) и во Шелби, Северна Каролина, со високо образование се здобил на Институтот Јозеф Стефан во Љубљана, Словенија, магистратура на Флорида Универзитетот, а со докторат се здобил на Линкопинг универзитетот во Шведска.

Зад себе има импресивно CV, па одтука и не е чудно што Pinterest го одбраа токму Вања за нивен технички директор. Со претходно искуство како истражувач и научник, во најдобрите интернет компании Вања има што да покаже.

Голема најава за легендарното ретро Фиќо (видео)

Вања Јосифовски, нов технички директор на Pinterest