Изминатите денови на неколку локации низ Скопје се појавија впечатливи билборди опкружени со зеленило кои го најавија новиот станбен објект Riverview Residence. Носечка порака на оваа креативна кампања е „Живеј во дом опкружен со природа“, што ја симболизира одличната локација на објектот на самиот кеј на реката Вардар со непречен поглед кон Градскиот парк и Водно.
Riverview Residence ќе биде уникатно место за убаво и пријатно живеење за сите оние кои сакаат да избегаат од хаосот без да го напуштат градот и да уживаат во секој дел од денот. Објектот се наоѓа во атрактивниот локалитет Криви Дол, во чиста, мирна и урбана средина, изолиран од градскиот метеж, a оддалечен на само 3 km од центарот на градот.
Оваа симпатична, урбана оаза ќе се простира на 1500 m2, со станбен објект во висина од 4 ката (П+3+По – приземје плус три ката плус поткровје), составен од 52 стана со зелени тераси, парковски површини во приземјето и сопствен подземен паркинг-простор. Становите ќе бидат со површина од 30 до 110 m2 и се поделени во три влеза.
Следејќи ги најновите архитектонски трендови, во целокупниот процес на градба се користат висококвалитетни, првокласни материјали кои објектот го вбројуваат во А-класа енергетски ефикасен објект со одлична звучна и термичка изолација.
Тоа што го прави овој објект посебен е и модерниот изглед и функционалниот распоред на становите, кои се внимателно решени и приспособени на секојдневните потреби на урбаниот човек.
Зад новиот станбен објект Riverview Residence стои градежната фирма Бортас, која е препознатлива по своето реноме на компанија со висока професионалност, доверба од своите клиенти и квалитет во работењето. Со својата 27-годишна традиција, Бортас е меѓу првите градежни компании кои започнаа со градба на станбени згради на нашиот пазар. Компанијата досега има изградено 9 станбено-деловни објекти, кои се дом на околу 500 среќни и задоволни семејства.
За сите што сакаат да уживаат во дом опкружен со природа, Бортас во соработка со Стопанска банка АД Битола нуди одлична и единствена поволност за станбен кредит со 1,9 % фиксна каматна стапка за првите три години. Повеќе информации на следниот линк:
Објектот Riverview Residence е во фаза на градба и се очекува да биде пуштен во употреба во втората половина на следната година. Во продолжение, погледнете ги фотографиите од новиот објект.