МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во сабота под влијание на нестабилна влажна маса ќе биде претежно облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, ветровито и свежо време со пад на максималните температури. Во утринските и претпладневните часови врнежите ќе бидат поинтензивни во претпладневните часови, попладне врнежите ќе бидат поинтензивни во југоисточните предели. Ќе дува доумерен југозападен и југоисточен ветер. Утринските температури од 1 до 9 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 6 односно до 15 степени.
🚗 Најголем избор на опрема за Вашиот автомобил 🏁
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во недела во утринските и претпладневните часови во југозападните и западните предели нестабилно со врнежи од дожд кои што попладне ќе престануваат, а во останатите предели умерено облачно време со повремени сончеви периоди. Утринските температури од 2 до 10 степени, додека пак максималните дневни од 10 до 18 степени. Во понеделник умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, минималните температури од 1 до 9 степени, а максималните дневни од 10 до 18 степени. Во вторник облачно време со поинтензивни врнежи од дожд и посвежо време со пад на дневните температури кои што ќе се движат во интервал од 7 до 16 степени. Интензивните врнежи од дожд ќе продолжат и во среда кога се очекува и осетен пад на температурите, поради продор на постена воздушна маса од север, која што во ридско-планинските предели и на планините ќе услови и врнежи од снег. Утринските температури од -2 до 6 степени, а максималните дневни од 3 до 12 степени.
СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во недела умерено облачно време со повремени сончеви периоди и потопло време со дневна температура која што ќе биде во пораст и ќе достигне до 16 степени. Во понеделник умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и дневна температура до 16 степени. Во вторник и среда облачно време со поинтензивни врнежи од дожд и пад на температурите кои што ќе достигнат до 13 односно до 9 степени.