,

Временска прогноза и квалитет на воздух – 22 ноември 2017

#spremnizapat #спремнизапат #weather4all #vremenskaprognoza #временскапрогноза #квалитетнавоздух

Денес е среда, 22 ноември 2017 година, 326-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:25, а ќе зајде во 16:13 часот. Денот ќе трае 9 часа и 48 минути.

САТЕЛИТСКА СЛИКА – Ова утро во Македонија имаме претежно ведро време со појава на локална облачност и свежо време со утрински температури кои што се во благ пораст во однос на вчерашните утрински.

ТАБЕЛА СО ГРАДОВИ – Утринските температури по градови се следниве: Скопје 0, Тетово и Битола -2, Крушево -4, Охрид и Прилеп -1 степен. Велес 0, Штип, Струмица и Кочани -1, Гевгелија 2, Берово -4.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по студеното утро со утински температури кои што ќе се движат во интервал од -5 до 2 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со благ пораст на дневните температури кои што ќе се движат во границите на повеќегодишниот просек за овој период од годината и ќе достигнат до 7 односно до 15 степени.

 

КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХ – Според податоците во 6 часот на поголем дел од мерните станици имаме ниско ниво на штетни честички на воздухот, освен во Скопје (Карпош, Лисиче и Ректорат), Битола и Куманово. Во изминатите 24 часа насекаде имаше високо загадување, особено висока концентрација на штетните пм 10 честички, и тоа во Скопје од 100 до 303 микрограми на метар кубен во Лисиче, 267 во Кавадарци, 262 Куманово, 150 во Битола.

 

 

АМСМ услуги – состојба на патишта и гранични премини СРЕДА, 22 НОЕМВРИ

Временска прогноза и квалитет на воздух – 22 ноември 2017