,

Временска прогноза и квалитет на воздух – 15 ноември 2017 година

#spremnizapat #спремнизапат #weather4all #vremenskaprognoza #временскапрогноза #квалитетнавоздух

Денес е среда, 15 ноември 2017 година, 319-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:17, а ќе зајде во 16:18 часот. Денот ќе трае 10 часа и 01 минути.

Во продолжение на овие утрински часови насекаде во Македонија имаме облачно време со поинтензивни врнежи од дожд, ветровито и свежо време.

Во Македонија денес под влијание на Медитарански циклон ќе биде умерено облачно и нестабилно со поинтензивни врнежи од дожд, ветровито и свежо време. Локално се очекуваат да наврнат над 40 литри дожд на метар квадаратен особено во Скопско-Кумановскиот регион, централните предели долж Повардарието како и во југоисточните предели и регионот на Кожуф. Врнежите од дожд ќе бидат проследени со засилен јужен и југоисточен ветер што ќе достигне брзина до 25 км/ч. Над 2500 метри врнежите ќе бидат од снег со засилен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 7 до 16 степени.

КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ – Ова утро според измерените податоци во 6 часот на сите мерни места имаме ниско ниво на загадувачки честички во воздухот кои што се во границите на дозволеното. Во изминатите 24 часа имавме неколку градови кои што имаа високо количество на пм 10 честички: Велес 202, Кичево 178, Кочани 145, Скопје 126 (на мерни станици во Лисиче и Чаир).

 

Временска прогноза и квалитет на воздух – вторник, 14 ноември

Временска прогноза и квалитет на воздух – 15 ноември 2017 година