Очекувате пријатели на гости или можеби сакате да се излежувате цел викенд? Што и да правите во овие ладни денови ова е вистинското нешто што ви треба. Мексиканско топло чоколадо со чили пиперче. Да, можеби никогаш не би ви паднало на ум да ги комбинирате овие две работи, но верувале или не лутото пиперче уште повеќе ќе го нагласи неодоливиот вкус на чоколадото и ќе го направи уште повкусно.
Потребни состојки:
– 3 лажици инстант топло чоколадо
– 1 лажица чоколаден сируп
– пола лажичка цимет
– 1 прстофат чили во прав
– 60ml млеко
– 180ml зовриена вода
Подготовка:
Во голем сад измешајте ги прво сувите состојки. Потоа додадете го чоколадниот сируп, млекото и на крај прелијте се со зовриената вода и измешајте убаво. Сервирајте со маршмелоу или шлаг пена. Уживајте!