, ,


Најлудите празници и обичаи низ cветот

Денот на мочањето

Се слави во Принстон (Њу Џерси, САД) во втората сабота од март, а повод за овој празник е победата на американската ослободителна армија над британската војска. Легендата вели дека кога британците биле поразени и бегале од улиците, американците уринирале врз нив. Затоа секоја година луѓето на Принстон ја слават слободата и што е уште поважно имаат легално оправдување за да мочаат по улиците.

Ла Томатина

Се слави во Буњол (Шпанија) во последната среда во август. На овој ден 20 000 луѓе се собираат и се гаѓаат со патлиџани. Овој празник се слави од 1945, а конкретен повод нема. Луѓето го слават овој празник само зошто е забавно.

Фестивал на железниот фалус

Се слави во Кавасаки (Јапонија) во првата недела од април. Ова е празник на пенисот! Се носат капи, кимона, статуи, декорации и уште многу други работи во форма на розеви пениси. Празникот има потекло од 17 век кога проституките се молеле да не закачат болести. Денес приходите собрани за време на фестивалот се донираат за истражување на ХИВ вирусот кој предизвикува сида.

Карневалот Ивреа

Се слави во Пиедмонт (Италија) во првата недела од февруари. Луѓето се собираат во голем број и се гаѓаат со портокали. Празникот се слави за да се оддаде почит на битката од 1194 година кога градскиот гроф бил обезглавен. Се претпоставува дека празникот започнал со фрлање на грав, но некаде низ време тоа се изменило и станало навистина “сочно”.

Гозбата на мајмуните

Се слави во Лопбури (Тајланд) во последната недела од ноември. Илјадници мајмуни се собираат во локалниот храм за да се нагостат со храната која специјално за нив ја подготвиле луѓето. Овој празник е измислен во 1989 од локален бизнисмен за да го зголеми туризмот во овој град.

Одберете поклон според хороскопскиот знак

Најлудите празници и обичаи низ cветот