Најраната позната појава на бетонот датира од пред дванаесет милиони години. Депозит од бетон бил формиран по појава на нафтени шкрилци кои се наоѓале во непосредна близина на варовници изгорени од природни причини.
Бетонот како материјал бил употребен во 6500 п.н.е. од страна на Бедуините кои зафатиле и контролирале серија на оази и развиле мало царство во регионите на јужниот дел на Сирија и северниот дел на Јордан.
Тие ја откриле предноста на хидраулична вар со само – цементирачки својства уште во 700 година пред Исус Христос и притоа изградиле печки за снабдување на малтер за изградба на куќи, бетонски подови како и подземни водоотпорни цистерни.
Цистерните пак се чуваале во тајност и биле една од причините зошто Бедуините биле во можност да напредуваат во пустината.[5] Некои од овие градби постојат доденес.[5]
Солопром е компанија која отвара можност за инвестирање во квалитетни и проверени материјали и производи за ентериерно уредување.
25 години Солопром ги следи и увезува светските трендови, секогаш ги слуша и пресретнува барањата на своите клиенти.
Betonyp® е материјал чиј состав содржи борови струготини, портланд бетон и адитив за брзо сушење на влажноста во плочите.
Поради лесната обработка и брзото монтирање, достапноста во различни дебелини, звучната изолација како и отпорноста на атмосферски влијанија Betonyp® плочите наоѓаат огромна примена во градежништвото во сите Европски земји и САД.
Италијанските дизајнери на ентериери успешно ги користат и во изведбата на ентериерни решенија.
Од неодамна, во соработка со брендот Фалко ,македонскиот лидер за квалитетни и проверени материјали и производи за ентериерно уредување Солопром за прв пат во Македонија ги донесе Betonyp® плочите, а сите дополнителни информации за овој материјал може да ги превземете тука.