, , ,

Зошто е потребно антибактериско чистење на клима уредите?

При секојдневна употреба на клима уредите во нивната внатрешност се таложи огромна количина на прав, алергии, микроорганизми од различна природа (бактерии, вируси, габи). Сето ова допринесува за неправилна работа на уредот (почести дефекти, помала моќност и испуштање на нечистотиите во воздухот кој го дишеме).

Се почеста е појавата на бактеријата легионела која е предизвикувач на легионерската болест. Од оваа болест заболуваат сите старосни групи, децата многу ретко, но почесто постарите луѓе, особено оние со хронични болести на белите дробови, срцето и бубрезите. Особено се загрозени луѓето со ослабен имунолошки систем. Болеста е околу три пати почеста кај мажите отколку кај жените, а во ризичната група се и пушачите и алкохоличарите.

Легионерската болест може да се јави како блага форма, па се до тешко воспаление на белите дробови со висока стапка на смртност. Инкубацијата изнесува од 2 до 10 дена. Оваа мултисистемска болест, освен белите дробови го зафаќа и џигерот, бубрезите, пробавниот тракт и средниот нервен систем. Симптомите на легионерската болест се: се многу високата телесна температура(над 39%) која е пратена со треска, главоболка, болки во мускулите, општа слабост, мачнина, повраќања….

Легионерската болест се лечи со антибиотици и симптоматски. Опоравувањето е долго, па промените на белите дробови се видливи и месец дена после почетокот на болеста.

Со цел спречување од појава на оваа бактерија во внатрешноста на вашите клима уреди препорачуваме АНТИБАКТЕРИСКО ВОДЕНО ЧИСТЕЊЕ.

 

Процесот на АНТИБАКТЕРИСКО ВОДЕНО ЧИСТЕЊЕ на клима уредите се изведува со специјална опрема за млаз вода со средство кое се раствора во водата.

Првиот чекор е млаз вода, потоа вода и антибактериско средство (ја чисти и дезинфицира климата), повторно со млаз вода и на крајот сушење на клима уредот.

ПРИДОБИВКИ од АНТИБАКТЕРИСКОТО ЧИСТЕЊЕ

  • Се зголемува моќноста на клима уредот т.е. капацитетот на уредот е повторно 100%, а потрошувачката на електрична енергија се намалува 30-40%
  • Воздухот е чист, нема испуштање на прав, бактерии, вируси…
  • Просториите се безбедни на за сите, вклучувајќи ги и новороденчињата и лица со осетливо здравје.

Професионалниот тим на Стед Комерц ќе ви помогне да се заштитите себеси и Вашето семејство. Закажете антибактериско чистење на Вашиот клима уред веднаш!

18 МЕСЕЦИ ОСИГУРУВАЊЕ НА ЗИМСКИ ГУМИ

Зошто е потребно антибактериско чистење на клима уредите?