, ,

Автомобилска одговорност и зелена карта

Моторните возила се дел од нашите животни, независно дали ги користиме секојдневно, користиме јавен превоз или се трудиме повеќе да пешачиме. Сообраќајот околу нас носи ризици, за кои осигурувањето нуди решенија со кои се обезбедуваме од несакани последици.

ОСИГУРУВАЊЕ ОД AВТОМОБИЛСКА ОДГОВОРНОСТ

  • законски задолжително осигурување за моторни возила
  • за штета со вашето возило на трето лице
  • за случај на сообраќајна незгода

ЗА ШТО СЕ ОСИГУРУВАТЕ?
Со полисата за автоодговорност е осигурена вашата законска одговорност за штети што со вашето возило може да ги направите на трети лица;

СО АО ПОЛИСАТА:

ОСИГУРУВАЊЕ МАКЕДОНИЈА ПРЕЗЕМА ОДГОВОРНОСТ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА КОН ТРЕТИ ЛИЦА

ДОКОЛКУ ВИЕ ПРИЧИНИТЕ ШТЕТА НА ТРЕТО ЛИЦЕ:

АКО ПРИ СООБРАЌАЈНАТА НЕЗГОДА НАСТАНЕ ПОСЛЕДИЦА

  • нарушување на здравјето
  • телесна повреда
  • смрт
  • оштетување или уништување

учесници во сообраќајот (возачи, патници, пешаци) „трети лица“
моторното возило на учесниците во сообраќајот „трети лица“

ДОПОЛНИТЕЛНО ОСИГУРУВАЊЕ

Покрај основното можете да направите и осигурување за возач и патници за последици од незгода:

  • траен инвалидитет
  • смрт од несреќен случај

Можете да ги вклучите во осигурување стаклата на возилото по Условите за комбинирано осигурување на моторни возила.

Каско-осигурувањето е доброволно и со него се покриени штетите на осигуреното возило што не се опфатени со задолжителното осигурување при регистрација.

АКО СЕ СЛУЧИ СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА!

Доколку има повредени, повикајте Брза помош на 194!

Веднаш повикајте полиција на 192!

Останете на местото на сообраќајната незгода до доаѓањето на полициските службеници.

Пополнете Европски извештај.

Запишете ги регистарскиот број на возилото, името и презимето, адресата на возачот и сопственикот на возилото од вториот учесник во сообраќајната незгода.

Запишете ги и податоците каде возилото е осигурено од автомобилска одговорност (име на осигурителното друштво),

број и важност на полисата; за странски возила број на зелена карта.

Осигурените суми и годишната премија за АО можете да ги најдете на нашата интернет-страница: www.insumak.mk или од нашите овластени продавачи.

Во случај на сообраќајна незгода веднаш побарајте нè на нашиот бесплатен телефонски број:

080010000

Триглав комплет +

Автомобилска одговорност и зелена карта