, ,

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Град Скопје наскоро ќе објави повик за субвенции за инвертер клима уреди

Сликата е преземена од skopje.gov.mk

Најголемиот проблем во областа на заштитата на животната средина, со кој се соочува Градот Скопје, е нарушениот квалитет на амбиентниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на домовите кои не се приклучени на централно греење, пред се заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки.

Како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух од домаќинствата, Градот Скопје во 2016 година за прв пат во Република Македонија започна со субвенционирање на граѓаните на градот Скопје за набавка на печки на пелети.

Дополнително, Градот започна со доделување на субвенции на граѓаните на градот Скопје за купување инвертери и други современи уреди за затоплување, со кои ќе ги заменат старите грејни тела како печка на јаглен, дрва, нафта или мазут. Со оваа мерка, Градот ќе даде дополнителен придонес не само во подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, туку и во намалување на емисиите на стакленички гасови, според препораките од Отпорно Скопје – Стратегија за климатски промени.

Градот Скопје во текот на следната недела ќе го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување.

Новитет оваа година е што граѓаните за да добијат субвенции за инвертери ќе треба доброволно и без надомест да ги предадат постојните печки на дрва, јаглен, нафта или мазут. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во нето износ не повеќе од 62.000 денари.

Со јавниот повик се опфаќаат сите високоефикасни инвертер клима уреди кои се купени од 1 јануари 2020 година и ќе трае заклучно со 30 ноември 2020 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена. Повикот ќе се реализира согласно со принципот „прв дојден прв услужен“. На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење без оглед на тоа дали го користат.

Во Буџетот на Град Скопје за 2020 година за оваа намена се предвидени 322 милиони и 400 илјади денари, обезбедни од Владата на Република Северна Македонија.

Нашата кампања за ладење и клима уреди е веќе во тек и додека чекаш субвенции отвори и види ја целата понуда и плус некој совет за ладње 👇🏼

Известувањето е преземено од skopje.gov.mk

Еко истражувачки предизвик на Нула Отпад

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Град Скопје наскоро ќе објави повик за субвенции за инвертер клима уреди