,

Како побрзо да научите нов странски јазик?

Збогатувањето на знаењето со нов странски јазик носи неколку предности –  преку него ќе се запознаете со културата на земјата чиј јазик го учите, ќе ја подобрите комуникацијата, а воедно ќе ја подобрите и вашата меморија. Ако пак се прашувате како можете да го совладате побрзо, постојат неколку трикови и совети што можете да ги примените во пракса.

Учењето нов странски јазик значи дека ќе треба да се запознаете со многу граматички правила и правилен изговор. Прашањето е од каде да почнете и на што повеќе да посветите внимание за полесно и побрзо да го совладате?

Одберете јазик кој ќе може да го користите

При изборот на странски јазик, подобро е да одберете некој за кој веќе имате барем минимална основа. Тоа подразбира дека веќе знаете некои зборови и слушајќи можете да го препознаете. Внимавајте и на друг аспект, колку ќе можете да го користите? За да усовршите еден јазик потребна е постојана употреба и надградба, па затоа кога ќе го правите изборот, гледајте тоа да биде јазик кој ќе ви е корисен и ќе можете да го употребувате.

Пронајдете го соодветниот курс за вас

Училиштата за странски јазици нудат забавни програми со кои изучувањето на новиот јазик ќе го совладате со леснотија. Без разлика дали ќе учите англиски, шпански, италијански, германски или било кој друг јазик со бесплатните купони за попуст на Златна Книга сега можете и да заштедите додека го правите тоа. Преземете купон со 10% попуст за уплата на цел јазичен курс, 30% попуст на сите курсеви по странски јазици или 50% попуст на прва рата за почетен курс по германски јазик.

Секојдневна употреба

Факт е дека колку почесто го употребувате јазикот толку подобро ќе го научите. Пронајдете начин да го вметнете во секојдневната комуникација. Доколку има личности околу вас кои имаат познавање од него, тогаш комуницирајте со нив на тој јазик. Исто така и одењето на кафе со пријателите со кои заедно ги посетувате курсевите за странски јазици се одлична можност да го комуницирате новиот јазик.

Книги и филмови

Гледањето на филмови преку кои ќе имате можност да ги слушнете зборовите и читањето на книги на јазикот кој го учите ќе ви помогнат при изговорот, конструирањето реченици и учење нови зборови.

Трикови за полесно помнење

Постојат зборчиња кои ви се проблематични за помнење? За ова има две добри опции. Едната е да утврдите асоцијација за конкретниот збор, а другата да пронајдете збор кој се римува со оној кој ви е тешко да го запомните. Пробајте ја оваа вежба со неколку зборчиња и ќе се уверите во ефектот.

Навигација преку апликацијата на Златна книга

Како побрзо да научите нов странски јазик?