, ,

Нула Отпад и Меркур со голема Еко акција – “Направи место за елката”

Под мотото “Ја чуваме иднината на нашите деца, ја разубавуваме сегашноста” Нула Отпад и Меркур со еколошка кампања за правилен третман на електричен и електронски отпад и отпадни батерии и акумулатори од домаќинствата.

Оваа акција опфаќа БЕСПЛАТНО преземање на старите нефункционални електрични уреди од домовите на граѓаните од страна на Нула Отпад со едноставно јавување на ЕКО ЛИНИЈАТА 070 236 000, кои за возврат ќе добијат ВРЕДНОСЕН ВАУЧЕР кој ќе имаат можност да го искористат за купување на нов производ во продажните места на Меркур.

Заштита и унапредување на животната средина, намалување на количеството на опасниот отпад на депониите и во природа, чистење на домовите на граѓаните од непотребната електроника и добивање на вредносни ваучери за купување на нешто ново како дополнителна мотивација за селекција и рециклирање, се главните придобивки на еколошка акција од ваков тип.

Ваквите кампањи даваат ефикасни резултати, ги вклучуваат граѓаните во мисија за заштита на животната средина и подигнување на јавната свест, истовремено понудувајќи им извесен бенефит како стимулација да бидат дел од решението, а не од проблемот – истакнува Дамески, управител на лиценцираниот колективен постапувач Нула Отпад.

“Направи место за елката” е пораката која ја упатуваат до граѓаните во пресрет на новогодишните празници порачувајќи им да го исчистат домот од сите непотребни електрични уреди и да направат место за нешто ново од новогодишниот асортиман на производи на компанијата Меркур.

Кампањата е во согласност со Законот за управување со овој вид на опасен отпад според кој истиот не смее да се меша со останатиот отпад. За негово несоодветно отфрлање законот предвидува казни од 60 евра за физички лица.

МЕЛАЗМА – Пигментација на кожата

Нула Отпад и Меркур со голема Еко акција – “Направи место за елката”