Мелазмата е вид на хиперпигментација која почесто се јавува кај жените. Се јавува во вид на големи, темни подрачја како дисколорација на лицето иако можат да бидат зафатени и други делови на телото. Причините за појава на мелазма се различни.
Пигментот меланин ја одредува бојата на очите, косата и кожата. Одредени внатрешни и надворешни фактори како што е изложување на сонце,генетика,хормонски промени , старосна доба, може да влијаат на производствто на меланин.
Прекумерното производство доведува до појава на хиперпигментации, заради што настануваат темни дамки и неизедначен тен. Додека пак недоволното производство односно хиперпигментации има спротивен ефект, т.е дамки без пигмент на зафатените подрачја.
Мелазмата е вид на хиперпигментација која се јавува на лицето, посебно образите., носот, челото и надусниците а понекогаш и други делови на телото кои се изложени на сонце: подлактица, грб, нозе
Таа може да биде:
- Епидермална мелазма- го зафаќа горниот слој на кожата, со кафеава хиперпигментација која е добро дефинирана
- Дермална мелазма го погодува длабоко нивото на дермисот и се карактеризира со кафеаво сиви, плави точки.
- Мешовита мелазма- комбинација од епидермална и дермална која што надворешно е видлива како кафеаво сиви пигменти
Мешовитата и дермалната мелазма заради длабочината потешко се третираат и терапијата е различна кај сите три видови мелазма.
Многу често во бременоста се појавува мелазма. Ендогените хормони ги стимулираат меланоцитите, а со тоа ги поттикнуваат да произведуваат повеќе меланински пигмент.
Главна причина за појава на флеки на кожата е изложеноста на сонце.
Затоа при излегување на сонце треба да се носат капи и шешири кои освен лицето го штитат и вратот.
Во исхраната треба да се внесува повеќе моркови, целер, домати, кајсии. Сите овие намирници содржат витамин А и Б, кои се потребни за зајакнување и заштита на кожата.
Лицата кои имаат акни треба да ја намалат консумацијата на мрсно, пржено и слатко.
Комбинација од кожа склона кон акни и изложување на сонце, може да го влоши изгледот на кожата.
Во нашата ординација мелазмата т.е пигментациите, флеките се лекуваат индивидуално.
- Ако станува збор за епидермална плитка пигментација, ја лекуваме со серија третмани од овошни киселини, т.е гликолна киселина и со адекватна домашна нега.Започнуваме третман со 10 % гликолна киселина.
Следниот третман е со 20 % гликолна киселина.
Третиот и четвртиот третман се со 30 % гликолна киселина.
Петтиот и шестиот третман се со 40 % па и до 70 % гликолна киселина.
Меѓу третманите може да вметнеме еден третман ултразвук со витамин Ц, или ПРП плазма третман, кој исто така помага во отстранувањето на флеки и пигментации. - Ако станува збор за мешовита или дермална мелазма, терапијата е малку поинаква.
За мешовита мелазма, т.е со средна длабочина правиме комбиниран третман во една посета кој се состои од хемиски пилинг, мезотерапија Whitening , серум Whitening и маска за избелување.
Потребни се од 4-6 вакви третмани за да ги добиеме посакуваните резултати. Помеѓу третманите може да се вметне и еден ПРП или плазма третман. Клиентот треба да се придржува и до адекватната нега препишана од лекар-естетичар. - Ако станува збор за длабока дермална мелазма имаме повеќе различни терапии и соодветната терапија за нас ќе ја одреди искусен лекар-естетичар.
- Може да работиме со трокомпонентен пилинг за лице, врат и деколте 1) PEEL MANDELAGE (менделичен пилинг), веднаш потоа 2) P By P и на крај 3) PEEL LIGHTENING.
- Може да правиме третман по протокол на BENE BELLUM со транексаминска киселина и 15 % TCA киселина.
- Може терапијата да се состои стриктно со TCA киселина.
- Ако имаме хиперпигментации на шаки, грб повторно работиме со трокомпонентен пилинг 1) Mandelage Peel, 2) Inno Exfo P By P, 3) Inno Exfo TCA.
- Терапијата може да биде и ПРП плазма третман во комбинација со микродермоабразија
- Видот на потребната терапија ја одредува само искусен лекар-естетичар кој според структурата на вашата кожа, вашите навики, внимателно ја воведува терапијата и Step by step да се постигнат посакуваните резултати
Д-р. Марија Караниколова
Стоматолог, Лиценциран Естетичар