,

Viber Sticker Pack – My Marketing

Социјалните медиуми се одлична платформа за маркетинг и промоција на компаниите.

Но која е причината што Viber во последно време e страшно актуелна маркетинг алатка во Македонија?

Оваа платформа е една од најдобрите маркетинг решенија за вашиот бизнис според статистиката на Google и e една од најкористените апликации на Google Play.
Viber е популарна апликација за пораки што ја користат над 1 милијарда луѓе низ 193 земји.

Бизнис инсајдер круговите претпоставувуваат дека оваа платформа ќе оствари уште поголем раст, модерното општество би користело многу по не нападни, природни рекламирања, претпоставка е дека 74% од маркетинг промоциите во 2021 година ќе користат токму ваков тип на промоција, со природен и лесен тип на основа.

Огромни 30% од таков карактер на пренесување на информации, се токму препраќање на вибер стикери.

Овој факт веднаш го искористивме во нашата маркетинг агенција!

Креираме интересен начин за да можете да комуницирате со вашите клиенти, колеги, соработници. Освен информацијата и промовирањето кое сакате да го спроведете, вибер стикерите можат да се користат и за секојдневните, тековни разговори во една брендирана форма што дава уникатен приказ на компанијата.

Viber стикерите се толку забавен начин што успеваме многу наши клиенти да ги навлечеме целосно да се префлат и да ја користат viber платформата, бидејќи се причина која нивните потенцијални клиенти многу лесно ја прифаќаат.

Можете да ја користите промоцијата како сакате и кога и да посакате. Креирате маркетинг кампања? Можете да создавате токму таков вид на Viber stickers pack или потоа повторно да се вратите на секојдневните корпоративни основни вибер пакети.

Интересна идеја која започнавме да ја користиме со нашите клиенти е и наменските теми.

Во пресрет на новогодишниот период и претпразничната маркетинг насоката – новогодишната честитка повеќе не се користи во таа мера што предходно некако беше неизбежно секоја компанија да ја употреби. Дефинитивно по современа, иновативна, креативна замена на ова би можело да биде целосен новогодишен viber stickers pack.

Забавни, информативни, едноставни за употреба, не нападни, достигнуваат огромен вирален дострел, економични, разновидни. Додаваме интересен тек на вашите разговори – Viber stickers pack / My Marketing.

Тимот на My Marketing

 

Нула Отпад и Меркур со голема Еко акција – “Направи место за елката”

Viber Sticker Pack – My Marketing