,

Кога е вистинско време за маркетинг

Добар тајминг за сериозно да се поработи на обврските, не дека за време на летниот период ги немаше, но самата летна атмосфера знае да опушти и релаксира. Проблемот се јавува кога компаниите многу ретко обрнуваат внимание на вистинскиот маркетинг во одреден временски период, годишна сезона и сл. Надоместокот на определена маркетинг празнина често знае да биде понапорен, во спротивност, кога го негувате постојано, веќе тековно добивате определени позитивни резултати и никогаш не започнувате од нула.

Децата се вратија во училиштата, возрасните на работа. Вистинско време за маркетинг – доколку сеуште не сте изградиле политика на постојано промовирање, што од искуство, Ви е најефективната маркетинг стратегија!

My Marketing совети за враќање во есенска форма:

•Обидете се да се вратите во оптимална фреквенција на објавување, преку вашиот најдобар канал за социјални медиуми;
•Разгледајте ги сите позначајни датуми од овој период и направете план за маркетинг промовирање со мотиви токму од овие денови и случувања;
•Запознајте се со вашите постоечки и нови клиенти, морате да ги познавате луѓето поради кои создавате одредени производи или услуги, не само што така ќе продолжите да работите, така и вашиот производ ќе се усовршува и ќе станува се подобар, доволно е да слушате и следите!
•Есен е супер период за PR – сега веќе зборуваме за градење на бренд и сме многу подалеку од традициналниот начин на маркетинг промовирање. Имајте соработник во дневните печати или медиумски куќи што би го покривале маркетингот на вашата индустрија.

Доколку овие совети за враќање во форма Ви делуваат лесно прифатливи за вашата компанија и на некој начин Ве заинтригираа – би можеле да Ви ги објасниме и останатите, да Ви дадеме совети, да ги одредиме приоритетите за оваа есен😊

Тимот на My Мarketing 💙
https://www.facebook.com/MyMarketing.mk/
http://mydigitalworld.mk/
https://mymarketing.com.mk/?page_id=84

Master your future | Стани мастер на својата иднина

Кога е вистинско време за маркетинг