,

Еко истражувачки предизвик на Нула Отпад

Батериите опасност или можност?

Друштвото за управување со отпад Нула Отпад ДОО Скопје, датира од 2012 година. Своето дејствување како непрофитна организација во управување со специфичните текови на отпад, го започна кон крајот на 2012 година и оттогаш функционира исклучително активно и претставува поим за позитивни вредности во заштита на животната средина.

Нула Отпад како лиценциран колективен постапувач за отпадни батерии и електронски отпад во соработка со општините и воспитно-образовните институции во континуитет преку едукација создава генерации кои ќе знаат да го чуваат, заштитат и унапредат еко системот во кој живееме.

Во услови на пандемија со Корона вирусот, Нула Отпад својата едукативна мисија ја продолжи преку дигитална едукативна кампања

Безбедни во изолација со супер еко едукација

Првиот предизвик помина со голем интерес и успех, внесе позитивни вредности во ова тешко време и даде значаен придонес во подигнување на јавната свест за селекција и рециклирање на е-отпад и отпадните батерии.

Заради големиот интерес и за жал сеуште активната карантинска вонредна состојба, Нула Отпад одлучи да продолжи со својата дигитална едукативна кампања со втор еко истражувачки предизвик.

Овој пат во поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за образование и наука, Делегација на Европска Унија и Македонската асоцијација за управување со цврст отпад.

Продолжуваме уште побројни, покреативни и погласни.

ТЕМА:

Батериите опасност или можност?

Со еко истражување до еко решение!

Децата на училишна возраст (1-9 одделение) ги предизвикуваме да бидат еко истражувачи во дадената тема, да следат конкретни насоки за истражување со цел да дојдат до најдобро еко решение.
Доколку едукативната кампања е успешна и пристигнат минимум 20 видео пораки за еко истражувачкиот предизвик на следниот e-mail: info@nulaotpad.com.mk, Нула Отпад, најдоброто еко решение и видео според оценувањето на стручното жири ќе го награди со главна награда електричен тротинет.

Сите останати учесници ќе добијат ЕКО ДИПЛОМИ за значаен придонес во заштита на животната средина од опасниот отпад.

Рок за испраќање на видеата 15.07.2020 год. Прогласување и објава на најдоброто видео со најдобро еко решение и најдобра еко порака ќе се случи на ден 20.07.2020 година од страна на стручно жири од Нула Отпад и соработниците на кампањата.

Се надеваме и на Ваша поддршка и споделување на еко истражувачкиот предизвик, да допреме до сите деца, родители и наставници да земат учество и убавите пораки од децата за новата планета и новото време да стигнат до сите и да внесат позитивна енергија во овие тешки денови.

Повеќе информации за еко истражувачкиот предизвик погледнете на следниве линкови:

            

Се надеваме дека ќе го препознаете значењето на оваа едукативна кампања и ќе го прифатите предизвикот да ја споделите и да бидете дел од неа.

Саморѓосувачки челик

Еко истражувачки предизвик на Нула Отпад