,

Лумбална болка: кога треба да се направи МР?

Ако чувствувате болки во грбот подолго време, а нема подобрување, можеби магнетната резонанца (МР) е следниот чекор кој треба да го преземете за правилна дијагноза и одредување на третманот.

Јавете се на +389 78 822 777 и закажете преглед кај д-р Александра Димова, специјалист по ортопедска хирургија во Оне Хоспитал, и таа ќе Ве упати понатаму.

Што предизвикува лумбална болка?

Најчеста причина за лумбална болка и вкочанетост се истегнати мускули и лигаменти. Ваквиот тип на болка вообичаено исчезнува после 4 до 6 недели со нехируршки третман. Во овие случаи, МР не е од голема корист.

Постоење на притисок врз спинален нерв може да предизвика симптоми на ишијас, кои вклучуваат ненадејна силна болка во долниот дел од грбот или надворешната страна од ногата. Во ногата се јавува и чувство на слабост и трнење. Ваквиот притисок на нервот може да биде предизвикан од:

  • Дискус хернија – се подобрува за 1-2 месеци
  • Артитис
  • Спинална стеноза.

Останатите сериозни случаи на лумбална болка, како инфекција, тумор или карцином, се ретки.

МР е корисна за дијагноза и планирање на лекувањето на онаа лумбална болка која е предизвикана од сериозна болест или проблеми со нервите.

Што треба да знаете за процедурата?

Самата процедура не е болна, но треба да бидете свесни за следново:

  • Гласни звуци. Работењето на машината е бучно, но ќе ви бидат дадени слушалки со музика за да не ја слушате.
  • Затворен простор. Ако се чувствувате нервозно (клаустрофобично) да бидете затворени во мал простор, ќе ви биде даден седатив за да се опуштите.
  • Треба да лежите многу мирно. Ова е неопходно за да се добие јасна слика. За лица со болки во грбот ова може да биде непријатно. Доколку сте загрижени, поразговарајте со Вашиот доктор.
  • Време. За МР вообичаено е потребно 30 до 60 минути, во некои случаи и до 2 часа.

Кај дел од пациентите МР не предизвикува никаква непријатност, па дури и заспиваат за време на изведувањето.

Кои се придобивките и ризиците од МР?

Со МР можат да се откријат сериозни проблеми кои ја предизвикуваат лумбалната болка.

Не се познати несакани ефекти од изведување на МР. Постои многу мал ризик од алергиска реакција на контрастното средство кое се употребува во процедурата.

Со МР можат да се откријат и други проблеми коишто не се поврзани со лумбалната болка. Понатаму може да бидат индицирани дополнителни тестови или третман.

ОВОЈ ВИКЕНД, НЕОТЕЛ И ГОБЛИН ГО ОРГАНИЗИРААТ ПРВИОТ ОНЛАЈН ТУРНИР ВО ДРУШТВЕНИ ИГРИ

Лумбална болка: кога треба да се направи МР?