, ,

Неколку совети кога кабината ќе зоврие на +70 C

Клима уредот на најстудено, вентилаторот на најсилно и жегата нека трае? Сепак е потребно да се пристапи многу посериозно кога се вози при екстремни температури. Неколку совети за правилно ракување со климата, како и куси објаснувања, зошто е важно да се проверува притисокот во гумите и нивото на течноста за ладење.

Мега Ауто Партс ве советува:

1. По 1 час на 40 оС, воздухот во кабината достигнува 70 оС

Воздухот во кабината се загрева на повеќе од 40 оС, дури и кога возилото ќе се остави 1 час на сонце при надворешна температура од пријатни 20 оС. Вистински пекол настанува кога температурата на средината изнесува 30 или 40 оС. Во тој случај, воздухот во кабината за 1 час се загрева на околу 70 оС. Затоа мора да се внимава особено и да се избегнува дури и најкусо оставање деца во паркиран автомоби. Истото важи и за пес и други миленици. Често се заборава на оваа опасност, а последиците може да бидат мошне сериозни.

Температурите достигнуваат критично ниво за многу кусо време. Мерења извршени со сив автомобил паркиран на сонце

2. Правилно местење на температурата на климата

Температурната разлика меѓу надворешниот и внатрешниот воздух не смее да биде преголема. Основното правило е температурата да се намести на 22 оС. Мора да се внимава, затоа што прекумерното ладење го преоптоварува крвотокот. На куси релации е најдобро климата да остане исклучена и да се вози со отворен прозорец. Тоа е подобро за здравјето, затоа што се избегнуваат температурните шокови, но е добро и за паричникот, затоа што клима уредот ја зголемува потрошувачката за околу еден литар на сто километри.

Не смее да се заборави редовното сервисирање на клима уредот. Кога нема доволно разладно средство, соодветно се намалува и моќта на разладување.

3. Слабиот притисок во гумите е посебно опасен при жежок асфалт

При екстремни летни температури, асфалтот се загрева на 60 оС. Слабиот притисок во гумите е посебна опасност во тој случај, затоа што гумата се „гмечи“, при што се создава дополнителна жештина и тоа може да доведе до продупчување, особено кај постарите гуми. Затоа треба редовно да се проверува притисокот во гумите.

4. Проверка на нивото на течноста за ладење

Садот за изедначување на течноста за ладење не треба да се отвора кога моторот е загреан, затоа што постои опасност од попарување. Во секој случај, нивото на течноста треба да се гледа на самиот сад, така што нема потреба од одвртување на капачето. Тоа на што исто така треба да се внимава: Концентрацијата на средството против замрзнување, односно антифризот, мора да биде доволно висока и во екот на летото.

Средството против замрзнување има и низа други функции, кои се неопходни целата година, од заштита од кавитација и корозија, преку подмачкување и создавање заштитен филм на одредени делови од моторот, до заштита од прегравање. Како пример, доколку во системот за ладење има само чиста вода, таа ќе почне да врие на пониска температура, отколку во случај кога има правилна концентрација на антифриз во системот.

5. Возилото не смее да се остава врз сува трева

Во основа е многу разбирливо зошто не треба да се остава возилото врз полјана со сува и висока трева, иако многумина забораваат на опасноста. Жешкиот катализаторски систем и самиот издувен систем можат да предизвикаат пожар. По само неколку минути возење, во нив се создаваат температури од преку 600оС.

6. Доволно течности и за возачот и патниците

Дури и кога во кабината е постигната пријатна температура и нема потење, мора да се пијат течности. Клима уредот ја отстранува влажноста од воздухот, поради што се сушат слузокожата на носот и очите. Недостигот од течност предизвикува главоболки и смалена концентрација, а тоа води до поголема опасност од незгода. Се препорачува минерална вода со повисока содржина на магнезиум. Слатки лимонади не се препорачуваат. Шеќерот обезбедува енергија, но само во краток рок, по што слабее и телесната и психичката состојба.

Како до подобра SEO оптимизација на вашата веб-страна

Неколку совети кога кабината ќе зоврие на +70 C