,

Плус 8 едноставни чекори за подготовка на автомобилот во лето

Во текот на летото се патува многу повеќе отколку во зима, а штом почнат убавите денови се појавува и можноста да се излезе на воздух, да се отиде на море, езеро, покрај река или каде било на одмор. Затоа е многу важно возилото да биде подготвено за подолги патувања.

За да се олесни подготовката на возилото за лето и на некој начин да добиете помош со совети можете да видите што предлагаат стручњаците да се провери пред заминувањето на пат. Има неколку работи на кои мора да се води сметка за да може возилото сигурно и без потешкотии да се вози до местото за одмор.

Затоа, пред заминувањето на пат задолжително треба да се направи контрола на автомобилот.

Мега Ауто Партс ве советува

1.Упатство за корисникот

Пред какви било контроли неопходно е да се следат упатствата од корисничкиот прирачник кој секогаш мора да се има во возилото. Прирачникот може да му помогне на возачот и да му даде решение за повеќето проблеми односно да го упати кога е потребно да се обрати на сервис доколку дојде до дефект кој самиот возач не може да го реши. Ако го немаме тогаш тешко се детектира и проблемот и така нема да може да се знае зошто е запалена сијаличката или што значи пораката на контролната табла. Тоа воедно ја отежнува и комуникацијата меѓу сервисот и возачот кој не може да објасни што се случило со возилото.

2.Ниво на масло во моторот

Една од најосновните контроли е контролата на маслото во моторот особено за возила кои немаат надзор на нивото на масло по пат на патниот компјутер. Оваа контрола треба да се извршува после секое полнење на гориво, десет минути по застанувањето на возилото на рамна површина. Нивото на рачниот мерач за масло мора да биде меѓу минимумот и максимумот и ако нивото е повисоко или пониско од она што треба, мора да се провери во упатството за корисникот или да се контактира сервис.

Ваквата контрола мора да се извршува после секое подолго патување, доколку се влече приколка или друго помошно возило со кое се пренесуваат поголеми товари бидејќи тогаш моторот троши повеќе масло особено во летниот период. Секогаш треба да се има литар моторно масло во автомобилот како резерва бидејќи може да се случи истото да не може да се купи на некоја од бензинските пумпи. После дополнувањето на масло, затворете го останатото и запечатете го во пластична ќеса или друга амбалажа која може добро да се затвори за маслото да не се растури во багажникот.

3.Ниво на течноста за ладење

Контролата на течноста за ладење е уште една важна контрола на вашиот автомобил. Не смеете да го отворате капакот ако моторот не е доволно оладен бидејќи можете да се изгорите. Течноста за ладење на моторот може да се дополни со дестилирана вода или со вода од чешма, но не може да се додава повеќе од 3 dcl. Доколку станува збор за повеќе течности можно е да е дојдено до истекување и да има проблеми со системот за ладење што треба да се провери, а потоа да се контактира помош на патот или сервисот. Ако системот за ладење е дополнет со антифриз, треба да се погледне во упатството за корисникот кој вид на течност е предвиден од страна на производителот.

4.Ниво на течност за стакла

Течноста која се користи за стаклата исто така треба редовно да се дополнува поради зголемената потрошувачка во текот на летните месеци. Потрошените бришачи, како лошата насоченост на млазот за перење на шофершајбната можат да бидат вистиски проблем на подолги патувања, па затоа треба да се проверат и доколку е потребно да бидат заменети со нови за возењето да биде попријатно и побезбедно.

5.Проверка на воздухот во гумите

Поради багаж и зголемување на товарот во возилото е потребно да се постави притисок во гумите според таблицата која го одредува нивото на притисокот во гумите според оптоварувањето на оските за одредена димензија на тркалата. Таа таблица обично е залепена на капатот на резервоарот или на рамката од вратата, а исто така се наоѓа и во упатството за корисникот. Многу е важно нивото на притисокот во гумите да биде одговарачко бидејќи превисоко или прениско ниво можат да ја оштетат гумата.

6.Проверка на резервното тркало

Возачот мора да знае дали има резервно тркало во возилото. Доколку го нема, мора да провери дали постои прибор за поправка на гумите во возилото, дали е користен и дали му истекол рокот на траење. Препорака е да се има резервно тркало место прибор за поправка на гумите бидејќи често се случува гумата да биде расечена во текот на возењето на тесни, земјени патишта и не моѓе да се поправи. Исто така треба да се провери и исправноста и новото на притисокот во гумата на резервното тркало. Се препорачува да се провери дали возилото има алат за замена на тркалото, дали клучот е доволно цврст за одвртување на штрафовите.

7.Резервни светилки и осигурачи

Често се случува резервните светилки и осигурачи да не одговараат, па и тоа треба да се провери. Во лето поради жештините и мешаницата на патиштата често се патува ноќе поради што доаѓа и до честа потреба за замена на сијаличките, а доколку резервните не одговараат тогаш доаѓа до проблеми. Осигурачите исто така често прегоруваат поради преоптоварување на 12V приклучови во возилото, пуприте за гумени чамци или други потрошувачи (таблети, мобилни, преносни ДВД-уреди и слично).

8.Безбедносна опрема

Оваа опрема треба да биде на дофат при запирање на возилото во случај на дефект или други непредвидливи ситуации што се случува често во текот на летото. Рефлектирачките елеци мора да бидат доволно за сите патници во возилото, а триаголникот и првата помош исто така мораат да бидат при рака место да се спакувани со багажот и тешко пристапни. Добро е да се обезбеди и протипожарен апарат во автомобилот.

Извадете МЕЃУНАРОДЕН ДОКУМЕНТ, станете EUROPE PREMIUM член и ЗАШТЕДЕТЕ 810ден

Плус 8 едноставни чекори за подготовка на автомобилот во лето