, ,

7те “супер храни” кои веднаш ќе Bи помогнат против настинката и грипот

Постојано внимавате на себе, убаво се облекувате, редовно ги миете рацете, проветрувате, се одмарате, избегнувате гужви за да не закачите настинка или грип.

Но, можеби ја заборавате најважната работа – правилната исхрана. Вашата исхрана може да ви помогне да се одбраните од настинките и  грипот зајакнувајќи го имунитетот на организмот. Еве како:

  • Активните ацидофилни култури, кои ги има во многу јогурти, го зајакнуваат системот за варење. Затоа јогуртот треба да биде постојано присутен во вашата исхрана.
  • Витаминот Ц го зајакнува имунитетот, го помага процесот на заздравување на организмот и затоа требасекојдневно  да внесуваме храна богата со витамин Ц како овошје, зеленчук и свежи сокови од овошје и зеленчук.
  • Интегралните жита содржат повеќе хранливи материи од преработената храна, така што треба да им дадете предност во исхраната – интегрален леб наместо бел, интегрални житарки за доручек (во комбинација со јогурт, на пример).
  • Лукот е познат по своите антибиотски својства и помага да се спречат заболувањата. Во борбата против грипот и настинките лукот треба да биде застапен во исхраната секојдневно (пожелно е да го конзумирате заедно со вашиот партнер, поради „пријатниот“ мирис).
  • Не го заборавајте стариот добар мед, како и јаткастите овошја, кои заедно прават одлична комбинација – на пример мед и ореви.
  • Пијте многу течности, дајте им предност на растителните чаеви.

ХРОНО ИСХРАНА

7те “супер храни” кои веднаш ќе Bи помогнат против настинката и грипот