, , ,

ИНТОЛЕРАНЦИЈА НА ХРАНА

Дали ви се случило да ве боли глава после јадење?

А дали ви се надул стомакот од консумирање на некоја храна?

Дали понекогаш имате чувство на слабост, замор, апатија, главоболка, депресија или болки во мускулите без посебна причина?

Ако некои од овие поплаки ви звучат познато, проблемот може да се крие во храната за која организмот ви дава сигнали дека не ја поднесува добро.

За разлика од прехранбената алергија која е итна реакција на телото на некоја храна, интолеранцијата на храна се манифестира побавно – од неколку часа до неколку дена по моментот на земање на некоја храна.

Најчести храна, од кои организмот пројавува интолеранција се пченицата, различни млечни производи, чоколадо, јајца, агруми, додатоци во храна и пијалаци, апетисани, алкохол, чај и кафе. Симптомите поврзани со интолеранцијата се многу поразлични од овие на класичните алергии, и организмот може да реагира секогаш на различен начин од ист производ. Сè повеќе слушаме дека одредени видови на храна предизвикуваат здравствени проблеми. Главоболки, пореметување на расположението, надуеност, улцеративен колитис, ревматоиден артритис, егзема, дијареа, науката признава дека ваквите болести и нарушувања може да бидат предизвикани или влошенаи од страна на вродена отпорност на организмот кон одредени состојки во храната. Не се работи за алергии во класична смисла на зборот, туку за тешкотиите што последователно ги предизвикуваат одредени видови храна, или комбинации на повеќе храни. Овие реакции на организмот се наречени неподносливи, чувствителни, метаболички реакции или едноставно неповолни реакции на храна. Избегнување на одредени видови на храна може да доведе до значителни подобрувања на многу навидум неизлечиви, долгорочни хронични заболувања, вклучувајќи ги и ревматоидниот артритис и дигестивните нарушувања.

Ако се сомневате дека вашиот организам пројавува интолеранција кон конкретна храна или групи на храна, не смеете да ја игнорирате вашата загриженост. Бидејќи сами не сме во состојба да утврдиме кои прехранбени производи ни предизвикуваат непријатност, најдобро е да побараме стручна помош.
Секој организам е уникатен и ние го знаеме тоа! Затоа по студијата за интолеранција на храна следи консултација со нутриционист. Нутриционистот ќе ви помогне да ја дознаете важноста на резултатите. Ако имате проблем со килограмите, ќе создаде индивидуален режим на исхрана.
Ако немате потреба од контрола на тежината ќе ви помогне да ја балансирате потрошувачката на храна, па да сте секогаш во добра форма.


Апарати за ХРОНО исхрана

Во нашиот Центар за внатрешни болести СРЦЕ постојат неколку дијагностички процедури, кои се спроведуваат пред и за време на програмот.
– Првиот апарат, inBody 720, е софистициран апарат кој служи за сегментално одредување на составот на човечкото тело, колку содржи течност во клетките и вонклетките, како и севкупната течност во организмот кај човекот, понатака количеството на севкупните масти, како и мастите околу внатрешните органи изразено во килорграми, тежината на коскеноминералната маса, тежината на скелетномускулната маса, количеството на протеини во организмот, како и одредување на базалниот метаболизам. Од сите параметри, на крај се калкулира и здравствено-физичкиот score.
– Вториот апарат е Mora-Super, апарат со напреднат софтвер кој служи за откривање наинтолеранција на одредени храни, без анализи на крвта.
После оваа опфатна дијагностика, се применува индивуален програм на специјална исхрана со неопходна консултација на нутриционист и лекар-специјалист.

Дали сте слушнале за Јумеихо терапија?

ИНТОЛЕРАНЦИЈА НА ХРАНА