, , , ,

Истраживме: Во Крагуевац покрај Југото се произведува и најлуксузниот автомобил на светот

#spremnizapat #спремнизапат

Комлетно рачно изработен автомобил кој наликува на автомобилите од холивудските филмови, ремек дело кое изобилува од луксуз.

Вака одприлика би звучела приказната за Драган Павловиќ од Гружа, мало село во близината на Крагуевац, родниот град на неславното Југо,  кој во срцето на шумадија  рачно го изработува автомобилот чиј прв примерок го продаде во Монте Карло за 230.000 €.

Овој уметник на  првиот автомобил  потроши вкупно осум години , со што се реализираше идејата и ветувањето на неговиот дедо.

Првата серија е изработена во вкупно 11 парчиња  а веќе се работи на втората серија која  не е редизајн туку потполно нов дизајн, ремек дело на мајсторските раце на Драган.

Гумите се мишелин, шасијата е изработена во прохром и полиестер, шал таблата е направена од природно дрво а тапацирирте и седиштата се пресвлечени со најквалитетна кожа.

Автомобилот е наречена „Фабер” (Ковач), може да забрза до 230 километри на час, а за осум секунди до 100 километри на час, го покренува мотор од Мерцедес, ц класа.

Погледенете го видеото и уживајте:

 

Временска прогноза – сабота, 11 ноември

Истраживме: Во Крагуевац покрај Југото се произведува и најлуксузниот автомобил на светот