, , , ,

ХРВАТСКА ГО ПРОИЗВЕДУВА НАЈБРЗИОТ АВТОМОБИЛ НА СТРУЈА ВО СВЕТОТ

#spremnizapat #спремнизапат

Електричните автомобили и автономните возила се иднината во автомобилската индустрија. На пазарот за електрични автомобили моментално доминира Елон Маск, основач и директор на Tesla Motors, кој ги полни сите светски технолошки списанија.

Факт е дека конкуренцијата на Tesla Motors се зголемува, но најголемата  конкуренција е од нашиот регион т.е хрватската компанија Римак автомобили.

„Извини Tesla, но најбрзиот електричен автомобил во светот се произведува во … Хрватска?“, е насловот на текстот што познатиот вебсајт Mashable го објавува за автомобилот Concept_One на хрватската компанија Римак автомобили, основана од Мате Римац во 2009 година.

Римак автомобили одамна го привлече вниманието на светската автомобилска јавност, а по најавата на саемот во Женева 2016 каде  ја претстави сериската верзија на Concept_One наиде на уште поголем интерес од страна и на медиумите надвор од Хрватска.

Concept_One, се продава по цена од 675.605 фунти , располага со 1088 коњски сили, забрзување до „стотка“ за само 2,6 секунди, погон на сите четири тркала со Римак автомобили All-Wheel Torque Vectoring, систем развиен во компанијата што прецизно го пресметува оптималниот момент за секое тркало.

Американски Autoblog пишува дека автомобилот однадвор е безмалку ист со досегашната верзија, но, оти „под неговата кожа од јаглеродни влакна се наоѓа ѕверка што е многу поисполирана, но и побрза“.

Неодамна пак Римак автомобили обезбеди инвестиција од 30 милиони евра од „Камел групата“, најголемиот производител на батерии во Азија.

Инвестицијата на „Камел групата“ е најголема реализирана директна инвестиција досега на една странска компанија во хрватската технолошка групација.

Инвестицијата ќе се употреби за финансирање развој на нови производи, ширење на производните капацитети и глобално ширење на компаниите.

Погледнате ја приказната позади ова зверка

Истраживме: Во Крагуевац покрај Југото се произведува и најлуксузниот автомобил на светот

ХРВАТСКА ГО ПРОИЗВЕДУВА НАЈБРЗИОТ АВТОМОБИЛ НА СТРУЈА ВО СВЕТОТ