,

Временска прогноза и квалитет на воздух – четврток, 16 ноември

#spremnizapat #спремнизапат #weather4all #vremenskaprognoza #временскапрогноза #квалитетнавоздух

Денес е четврток, 16 ноември 2017 година, 320-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:18, а ќе зајде во 16:17 часот. Денот ќе трае 9 часа и 59 минути.

Ова утро во Македонија имаме облачно време со врнежи од дожд, релативно топло и ветровито време. Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Гевгелиско-Валандовскиот регион и регионот околу планината Кожуф каде локално надминаа и 120 литри дожд.

Утринските температури по градови се следниве: Скопје 8, Тетово 8, Крушево 5, Охрид 10, Битола и Прилеп 9 степени. Велес, Штип и Берово 8 степени, Гевгелија 12, Струмица 11 и Кочани 9 степени.

Македонија и денес под влијание на Медитерански циклон кој што ќе условува нестабилно време со поинтензивни врнежи од дожд кои што ќе бидат проследени со засилен ветер. Локално се очекуват да наврнат над 35 литри дожд, а во јужните предели и регионот на Кожуф повторно врнежите ќе бидат најинтензивни. На планините над 2200 метри се очекуваат врнежите од снег. Ќе дува засилен југоисточен ветер кој што ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Минималните температури од 3 до 12 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 6 односно до 15 степени.

КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ – Според последните измерени податоци на сите мерни места имаме ниско ниво на загадувачки честички во воздухот кои што се во границите на дозволеното. Минимално зголемување над дозволените граници имаме во Скопје на мерните станици во Карпош и Лисиче. Во изминатите 24 часа насекаде имавме ниско ниво на загадувачки честички во воздухот.

 

АМСМ услуги – состојба на патишта и гранични премини ЧЕТВРТОК, 16 НОЕМВРИ

Временска прогноза и квалитет на воздух – четврток, 16 ноември