Воздухот во нашите домови, во канцелариите и на другите места, каде што го минуваме поголемиот дел од денот, може да биде и до 5 пати повеќе загаден отколку оној на отворено.
Токму затоа треба нешто да преземеме во врска со ова, како би ги подобриле условите за нашиот живот, а воедно ќе влијаеме и позитивно на нашето здравје.
Тоа можеме најлесно да го направиме со одредени видови на растенија. Тие покрај тоа што ќе ни го прочистуваат воздухот, имаат и декоративна функција и можат одлично да се вклопат во просторот.
Палма Арека (Dypsis lutescens) го филтира воздухот и ги уништува хемикалиите од просторот.
Бршлен (Hedera helix) ги уништува сите оние хемикалии што во воздухот доаѓаат од принтерите и од другите машини за фотокопирање.
Ѓаволски бршлен (Epipremnum aureum) го намалува количеството на озон во затворените простории, а поради него доаѓа до болка во градите, кашлање и надразнетост на грлото.
Гарденија (Gardenia augusta) – ова растение делува антидепресивно така што вдишувањето на неговиот мирис делува позитивно на вашето расположение.