,

Во Општина Кисела Вода собираме Е – отпад од дома со Нула Отпад

Општина Кисела Вода во соработка со Нула Отпад постави ЕКО ЗОНА во општината!

Нула Отпад со Општина Кисела Вода започнува голема акција за собирање на отпадна електрична и електронска опрема од домаќинствата и компаниите на територија на општината.
Современиот начин на живот наметнува постојано купување на нови електрични и електронски уреди, а со тоа исфрлање на старите, дотраени уреди. Од тука е потребата на граѓаните и компаниите да имаат можност да се ослободат од старите уреди кои времето и технологијата прават да имаат краток век на траење, што директно придонесе денес  да се постави ЕКО ЗОНА 
на две локации во Општина Кисела Вода, и тоа на автобуската станица пред Општина Кисела Вода и во населба Драчево пред урбаната заедница “Бобан Трпков“.

Ова е континуиран проект, кој ќе се спроведува на територијата на Општина Кисела Вода, во соработка со урбаните и руралните заедници од наша страна како колективен постапувач Нула Отпад од Скопје. 

Електричниот и електронскиот отпад делуваат како нетоксичен отпад, но нивното несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање на тешки метали во воздухот, водата и почвата, кои што сериозно делуваат на здравјето на граѓаните и воопшто на квалитетот на животната средина. За таа цел организиравме систем за собирање на отпадот од домовите и компаниите, преку акција во сите урбани заедници.

Граѓаните и компаниите се пријавуваат кај Координаторите, наведувајќи каков тип и колку отпад поседуваат, по што колективниот постапувач, Нула Отпад ДОО Скопје, согласно списоците за евиденција за секоја урбана и рурална заедница, организира подигнување на отпадот, директно од домовите и компаниите на граѓаните, или едноставно директно пријавете се на ЕКО ЛИНИЈАТА 070 236 000 на Нула Отпад. Отпадот, понатаму безбедно се пренесува до фирма рециклатор, за понатамошна постапка.

Нашиот план во блиска иднина е во сите институции кои се на територија на Општина Кисела Вода да поставиме и садови кои се наменети за отпадни батерии, а со тоа да ја реализираме целта, здрава животна средина и здрав живот кој е основно право на секого.

Со LLumar фолиите зголемете ја сигурноста на вашиот објект

Во Општина Кисела Вода собираме Е – отпад од дома со Нула Отпад