За патување надвор од државава потребно е да имате:
- Патна исправа (пасош)
- Меѓународна возачка дозвола
- Зелен картон
- Овластување за управување со туѓо моторно возило
- Патничко осигурување
Патна исправа
ТЕЛЕФОНСКОТО ЗАКАЖУВАЊЕ ПРЕКУ БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 0800 192 92 Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗА СИТЕ АПЛИКАНТИ. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ПАТНА ИСПРАВА:
- Барање за издавање на пасош
- Лична карта или друга јавна исправа од која може да се утврди идентитетот
- Уплатница на жиро сметка во износ од 1.500,00 ден. за образецот на пасошот
- Уплата за административна такса од 100,00 ден. на уплатница- за лица до 4 годишна возраст
- Уплата за административна такса од 200,00 ден. на уплатница-за лица од 4 до 27 годишна возраст
- Уплата за административна такса од 300,00 ден. на уплатница-за лица над 27 годишна возраст
Надлежен орган за издавање на пасош е МВР.
ул. Кеј Димитар Влахов бб – во зградата на МТВ со влез од страната на реката Вардар, Скопје
Меѓународна возачка дозвола
Потребни документи за издавање Меѓународна возачка дозвола:
- 2 фотографии (45ммх 35мм) и лично присуство со документ за идентификација (лична карта/пасош)
- Национална возачка дозвола
- Потврда од МВР за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило (се издава од страна на МВР во АМСМ)
Важност: 3 години, но со истекот на важноста на националната возачка дозвола истекува и важноста на меѓународната возачка дозвола.
Цена: 950 ден.
Зелен картон
ПРЕМИЈА ЗА ИЗДАВАЊЕ ЗЕЛЕН КАРТОН
Возило Цена
- Патнички возила до 66 KW – годишен 3.690 ден.
- Патнички возила над 66 KW – годишен 5.536 ден.
- Патнички возила до 66 KW – месечен 1.850 ден.
- Патнички возила над 66 KW – месечен 3.075 ден.
- Влечни возила, специјални возила, моторцикли, приклучни возила и работни возила 5.536 ден.
- Товарни возила и автобуси 17.222 ден.
Важност на зелената карта е 12 месеци или во рамки на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност.
Одобрение за управување туѓо моторно возило (полномоштво)
Потребни документи:
- Сообраќајна дозвола од возилото и лично присуство на сопственикот со документ за идентификација
(лична карта или пасош) - Лично присуство на корисникот на возилото со пасош
Важност: 1 годинa
Цена: 600 ден.
Патничко осигурување
Патничко осигурување е осигурување на лица за време на патувањата и престој во странство кое содржи неопходна здравствена помош, осигурување од незгода, осигурување на багаж и надомест за изгубени патни документи. Може да се склучи индивидулана, семејна или групна полиса.