,

Патувај безгрижно. Што ви е потребно за патување надвор од државата?

Патувај безгрижно. Што ви е потребно за патување надвор од државата?

За патување надвор од државава потребно е да имате:

  1. Патна исправа (пасош)
  2. Меѓународна возачка дозвола
  3. Зелен картон
  4. Овластување за управување со туѓо моторно возило
  5. Патничко осигурување

Патна исправа

ТЕЛЕФОНСКОТО ЗАКАЖУВАЊЕ ПРЕКУ БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 0800 192 92 Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗА СИТЕ АПЛИКАНТИ. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ПАТНА ИСПРАВА:

  • Барање за издавање на пасош
  • Лична карта или друга јавна исправа од која може да се утврди идентитетот
  • Уплатница на жиро сметка во износ од 1.500,00 ден. за образецот на пасошот
  • Уплата за административна такса од 100,00 ден. на уплатница- за лица до 4 годишна возраст
  • Уплата за административна такса од 200,00 ден. на уплатница-за лица од 4 до 27 годишна возраст
  • Уплата за административна такса од 300,00 ден. на уплатница-за лица над 27 годишна возраст

Надлежен орган за издавање на пасош е МВР.
ул. Кеј Димитар Влахов бб – во зградата на МТВ со влез од страната на реката Вардар, Скопје

Меѓународна возачка дозвола

Потребни документи за издавање Меѓународна возачка дозвола:

  • 2 фотографии (45ммх 35мм) и лично присуство со документ за идентификација (лична карта/пасош)
  • Национална возачка дозвола
  • Потврда од МВР за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило (се издава од страна на МВР во АМСМ)

Важност: 3 години, но со истекот на важноста на националната возачка дозвола истекува и важноста на меѓународната возачка дозвола.
Цена: 950 ден.

Зелен картон

ПРЕМИЈА ЗА ИЗДАВАЊЕ ЗЕЛЕН КАРТОН

Возило Цена

  • Патнички возила до 66 KW – годишен 3.690 ден.
  • Патнички возила над 66 KW – годишен 5.536 ден.
  • Патнички возила до 66 KW – месечен 1.850 ден.
  • Патнички возила над 66 KW – месечен 3.075 ден.
  • Влечни возила, специјални возила, моторцикли, приклучни возила и работни возила 5.536 ден.
  • Товарни возила и автобуси 17.222 ден.

Важност на зелената карта е 12 месеци или во рамки на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност.

Одобрение за управување туѓо моторно возило (полномоштво)

Потребни документи:

  • Сообраќајна дозвола од возилото и лично присуство на сопственикот со документ за идентификација
    (лична карта или пасош)
  • Лично присуство на корисникот на возилото со пасош

Важност: 1 годинa
Цена: 600 ден.

Патничко осигурување

Патничко осигурување е осигурување на лица за време на патувањата и престој во странство кое содржи неопходна здравствена помош, осигурување од незгода, осигурување на багаж и надомест за изгубени патни документи. Може да се склучи индивидулана, семејна или групна полиса.

Совети за заштита од сонце и нега на кожата по сончање, со трите нови Black up производи

Патувај безгрижно. Што ви е потребно за патување надвор од државата?