Препорачуваме на родителите на мали деца, да се воздржат од бакнување на устата на своите деца, затоа што може да пренесат патогени бактерии на тој начин.
Иако многу родители тврдат дека нема ништо лошо во тој начин на искажување на љубов, сепак постојт здравствени ризици за кои родителите мора да бидат свесни.
Млечните детски заби се особено нежни, подложни на инфекции, немаат доволна црврстина за да се спротистават на штетните ефекти на бактериите.
Исто така, и со трансферот на плунка при контакт уста на уста, покрај штетните кариогени бактерии, може да се пренесат и вируси и други бактерии предизвикувачи на различни болести (грип, настинка, херпеси итн.).
Покрај бакнување, родителите, како и бабите и дедовците, треба да внимаваат при хранење на децата и користењето на прибор за јадење. Да не се “дува”на храната на децата за побрзо да се олади, и никако да не се користи заеднички прибор.
Превенцијата е клучот. За доброто на нашите најмили.
Види повеќе за Д-р Нина тука.