,

Како до идеална тежина: високо протеински диети наспроти високо јаглехидратни диети?

Честопати се експериментира со различни диети, понекогаш се постигнува вистинскиот резултат, но со несакани последици или јојо ефект, каде ги враќате изгубените килограми и уште некој килограм плус. Затоа првиот чекор кој треба да се направи е правилен избор на диета која е персонализирана. Тоа можете да го направите во ONE Hospital, под водство на нашиот соработник од областа на нутригеномијата, д-р Драгица Зенделовска.

Како до идеална тежина: високо протеински диети наспроти високо јаглехидратни диети?

Која диета го дава идеалниот резултат без да се наруши Вашето здравје?

Ова се најчестите прашања кои ги поставуваат нашите клиенти. Честопати се експериментира со различни диети, понекогаш се постигнува вистинскиот резултат, но со несакани последици или јојо ефект каде ги враќате изгубените килограми и уште некој килограм плус.

Од друга страна, пак, дебелината е главен ризик фактор за неколку патолошки состојби како што се неалкохолен стеатохепатитис, дијабетес, коронарно срцево заболување, хипертензија, канцер.

Затоа првиот чекор кој треба да се направи е правилен избор на диета. Всушност диета која е персонализирана и периодизирана во зависност од потребите, здравствената состојба, антрополошките и биохемиските маркери на клиентите.

Најчесто се препорачуваат високо протеински диети (40% јаглени хидрати, 30% масти, 30% протеин) и високо јаглехидратни диети (55% јаглени хидрати, 30% масти, 15% протеин). Како извори на јаглени хидрати најчесто се полнозрнестите житарки, легуминози, овошје, зеленчук, на масти се растителните масла и јатки, додека извори на протеини кои се користат во диетите се посното црвено месо, риба, пилешко, јајца, немасните млечни производи.

И двете диети даваат значително подобрување во однос на намалување на тежината, 9.8% наспроти 9.3%, индексот на телесна маса, крвниот притисок, ХОМА-ИР индексот.

Примената на високо протеинска диета може да резултира со значително подобрување на ситоста, маркерите на инсулинска сензитивност и b-клеточната функција, оксидативен стрес, липидна пероксидација, инфламаторни цитокини, ЦРП, адипонектин, зголемување на грелин GLP-1, намалување на БНП, но доведува до послаба липолиза и зголемен губиток на калциум во урина.

При примена на високо протеинската диета од големо значење е утврдување на критичниот параметар т.е. утврдување на маргинално ниво на протеини кои го модулираат оксидативното оштетување (33-44% протеин). Поголема содржина на протеин (> 45%) индуцира оксидативно оштетување во мозокот (липидна пероксидација или оксидација на протеини), може да влијае на развој на артериосклероза преку зголемување на оксидативниот стрес преку редукција на активноста на супероксид дисмутазата! Дополнително како нус појава е генерирањето на големи количества на киселини (фосфати и сулфати)-калциурија!

Затоа, поради горе наведените предности и недостатоци, диетата треба да биде добро оптимизирана и индивидуализирана (скроена за потребите на клиентот), пропратена со ергогена помош со цел да се намалат несаканите ефекти и да се добие посакуваниот резултат.

Лумбална болка: кога треба да се направи МР?

Како до идеална тежина: високо протеински диети наспроти високо јаглехидратни диети?