, ,

Дали сте слушнале за Јумеихо терапија?

Болка во грбот, ишијас, сколиоза, дискус хернија, проблеми и напнатост во мускулите се само некои од здравствените проблеми кои можат да се лечат

Јумеихо терапија е превентивна терапевтска метода, холистичко јапонска лековита масажа и мануелна терапија која се користи за многу медицински проблеми, а исто така и за подобрување на менталното и физичкото здравје.

Болка во грбот, ишијас, сколиоза, дискус хернија, проблеми и напнатост во мускулите се само некои од здравствените проблеми кои можат да се лечат со јумеихо терапија. Додатни бенефиции се тотална релаксираност и подмладување кое многу пациенти го опишуваат како да се извишуваат, дека се посилни и поисправени.

Јумеихо терапија е спој на мудроста  во јапонската и кинеската медицина со јапонска прецизност. Создадена е од Масајуки Сајонџи (1943-2005) основач и директор на меѓународниот институт за превентивна медицина во Токио регистриран како Јумеихо терапија. Сегашниот директор е г-дин Китами Тошихару.

Главната цел на Јумеихо терапија е да ги стави во снага автотерапевтските самоизлечиви методи од нашиот организам откако ќе се стават во правилна положба ’рбетот, колковите и зглобовите.

Јумеихо терапија е терапевтски систем кој се состои од низа третмани (во зависност од тежината на случајот).  Еден третман трае 45-50 минути за време на кој терапевтот употребува околу 100 најразлични техники. Тие вклучуваат масажа, месење и компресија и мобилизација на сите зглобови на безболен начин (сеитаи јапонска киропрактика). За време на Јумеихо  третманот пациентот е комплетно облечен и носи поширока комфорна облека панталони и маица. Јумеихо  третманот се изведува на под на специјален душек.

 

ЗА ШТО ПОМАГА Јумеихо терапијата?

Јумеихо терапија помага за излекување на многу болести како на пример:

  • било каква болка во грбот или ’рбетот
  • лумбаго и ишијас
  • затегање во вратот и рамениците
  • болка во колковите, колената, зглобовите и ребрата
  • разни главоболки
  • менструална болка, нередовна менструација, неплодност
  • болест на џигерот, бубрезите, панкреасот и бешиката

 

ПРВА СЕСИЈА

За време на Јумеихо терапијата пациентот е облечен во широки панталони, чорапи и маица.

Јумеихо терапијата се изведува на специјален душек на под. За време на првиот третман искусниот терапевт зема податоци за пациентот, неговата моментална состојба и историја на болести. Откако ќе се изведе Јумеихо третманот спрема состојбата се прави терапевтски план.

ТЕРАПЕВТСКИ ПЛАН

Јумеихо терапијата обично се состои од 10-30 третмани (ако состојбата не е толку сериозна се прават 3-9 третмани). Најдобри резултати се постигнуваат ако третманите се изведуваат секојдневно, но може да се направи пауза во траење од една недела. Откако ќе се заврши терапевтскиот план за понатамошна корист од третманите се прави месечен план за релаксирање и превентива. Индивидуален терапевтски план се прави на крај од првата сесија.

ПРАВИЛНА ИСХРАНА

Дали сте слушнале за Јумеихо терапија?